Рилке - Што е потребно да се напише песна?

Рајнер Марија Рилке во романот “Записите на Малте Лауридс Бриге“, настанат во Париз и објавен во 1910 година =, зборува за потребата за запознавање на светот и животот за да може да се напише песна која ќе има вистинска уметничка и суштинска вредност:

“Треба да се чека и да се собере смислата и сладоста на целиот живот, и тоа по можност долг живот, за тогаш, сосема при крајот, можеби да сме способни да напишеме десет редови кои се добри. Затоа што сеќавањата не се чувства, како што тоа луѓето мислат (чувства имаме доволно рано) - туку се искуства.

За еден единствен стих потребно е да се видат многу градови, луѓе и работи, потребно е да се познаваат животните, потребно е да се осетат како птиците летаат и да се познава она движење со кое малите цветови се отвораат наутро.

Треба да се сеќавате на патиштата во непознатите краеви, неочекуваните средби и разделби кои долго време сме гледале како се приближуваат - да се сеќавате на деновите од детството, кои уште не се разјаснети, родителите кои сме ги гледале кога ни приредувале радости и кои не сме ги сфаќале (тоа беше радост наменета за некој друг), да се сеќавате на детските болести, кои толку необично почнуваат со толку длабоки и тешки преобразби, да се сеќавате на деновите во тивките, воздржани сови и утрата на море, на морето воопшто, многуте мориња, ноќите поминати на патување, ноќите кои мрачно летнале во висовите и одлетале кон ѕвездите - но уште не е доволно ако ни е дадено на сето тоа да мислиме. Треба да се има спомени на многу љубовни ноќи, од кои ни една не личела на друга, на криковите на родилкие... Но потребно и да се биде покрај мртовец и човек кој умира во соба со отворени прозори. А ние е доволно ни тоа што го имаме за спомени. Потребно е да можеме да ги заборавиме кога ги има премногу, и треба големо трпение и да се чека тие потворно да наидат. Затоа што самите спомени уште не го прават она што го сакаме. Дури тогаѓ кога ќе станат крв во нас, поглед и движење, безимени, така што веќе не можат да се разликуваат од нас самите, дури тогаш може да се слуќи во еден многу редок час, вистинскиот збор на еден стих да излезе помеѓу нив и да протече од нив.“

Како би изгледало ако место секојдневните фрази користите фрази од порталите

ШОКАНТНО!

16 работи што можеш да ги правиш додека чекаш да се формира влада

Времето тече

Животниот век на една врска објаснет преку распадот на Југославија

До која фаза на распад сте?

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот