Религиската позадина на интервенцијата на Русија во Сирија

Руската интервенција во Сирија освен геополитичка има и своја религиска димензија. Руската православна црква му даде отворена поддршка на Путин и ја благослови интервенцијата која некои брзоплето ја прогласија за света војна, а други за крстоносен поход против исламот.

Руската агенција Интерфакс го цитираше службениот портпарол на РПЦ кој изјави: борбата против тероризмот е света војна и денес нашата земја е најактивна во таа борба. Како што се очекуваше не изостанаа ни одговори од страна на екстремистите.

Во аудио порака сириската подружница на Ал Каеда - Ал Нусра оваа интервенција ја нарече нова крстоносна војна. Од друга страна се христијанските лидери на разни деноминации кои во интервенцијата гледаат спас за загрозените верски слободи.

Тие истакнуваат дека Асад е секуларист кој се бори против исламските екстремисти и дека ја почитува христијанската заедница. Се побројни се оние кои им даваат признание на Русите дека наводно ја препознале опасноста на во која се христијаните во Сирија, земјата која е една од колевките на христијанството.

Христијаните на почетокот на 20-тиот век беа околу 30% од сириската популација. На почетокот на војната беа нешто на 10%. Сунитските муслимани се 70% додека 12 % се алавити, членови на хетродоксни шиитски групи на кои им припаѓа и Асад,

Според податоците од 2014-та 2.4 милиони Сиријци се христијани од кои најголем дел православни со 35%, Ерменската апостолска црква има 22%, Католичката скоро 19%, Сириската православна црква околу 10%, протестанти околу 2% и Сириската католичка црква околу 4%.

Опстанокот на овие религиозни групи е доведен во опасност како што ИСИС напредува. Во четири години војна во Сирија во која загинаа 250.000 луѓе, а се расселени 10 милиони најмногу страдаа христијаните. Ред војната христијаните беа населени во Дамаск, Алепо и во близината на Хомс во долината позната како Долина на христијаните. Во околината на Хомс од 150.000 христијани денес има помалку од 1000, а нивните објекти се разрушени.

Иако малцинство тие секогаш биле дел од елитата во земјата на политички, културен и економски план па затоа кога почнаа продемократските протести тие избраа да се неутрални иако ги трпеа истите недостатоци на граѓански слободи.

Поради нападите кои ги трпат од страна на екстремистите во последно време тие одлучија да се свртат кон Башар ал Асад и да му помогнат во војната. А побараа и помош од Путин кој сака да се претставува како заштитник на православието низ светот. Тој најави и дека е спремен да прими во Русија 50.000 христијани од Сирија. 

Ватикан Инсајдер дава интересна забелешка за тоа како се одвиваат овие процеси прашувајќи дали некој пред 20 години би можел да замисли како папата и Русија би имале ист став кој е различено од оној на САД и Западот.

22 начини како да препознаете ГМО овошје и зеленчук

Спаси го своето семејство!

Што кажува твојот омилен екс-ју бенд за тебе како човек (прв дел, вероватно ќе има и втор)

Психоанализа

15 знаци дека дошло лето во Македонија

Надвор е лето, ги одржуваме виталните функции

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот