Редок природен феномен кој се јавува само неколку денови секој февруари

Националниот парк Јосемит во Калифорнија секоја година во февруари е посетен од бројни туристи од целиот свет, кои сакаат да го набљудуваат „огнопадот“, неверојатна природна појава.

Реткиот феномен,наликува на лава која се спушта од карпата Ел Капитан, вертикална карпеста формација во популарниот национален парк.

И додека на прв поглед изгледа дека станува збор за лава која се спушта по карпата, во прашање е нешто сосема друго.

Имено, до овој редок феномен доаѓа секој февруари (во текот на десеттина денови) кога сончевите зраци ќе го погодат водопадот Коњски опаш под одреден агол создавајќи оптичка илузија дека лава тече низ карпата место вода. Всушност, сончевите зраци го осветлуваат водопадот, но поради прекршувањето на светлината имаме впечаток дека во прашање е лава.

Овој „огнопад“ трае само неколку минути за време на заоѓањето на сонцето, а преубавиот пејсаж сакаат да го забележат туристи од целиот свет.

Портпаротлот на Националниот парк Скот Гедиман истакнува дека оваа година огнопадот е уште поизразен и поубав поради голема количина на дожд и снег кои паднале во текот на зимата.

Што кажува за тебе твојата тетоважа

И каде си сега според тетоважата

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот