Работи шо не се случиле: ПРОНАЈДЕН Е РУДАР КОЈ 17 ГОДИНИ БИЛ ЗАКОПАН ПОД ЗЕМЈА

ПРОНАЈДЕН Е РУДАР КОЈ 17 ГОДИНИ БИЛ ЗАКОПАН ПОД ЗЕМЈА. НЕМА ДА ПОВЕРУВАТЕ КАКО УСПЕАЛ ДА ПРЕЖИВЕЕ!

Иако е тешко да се преживеат 17 години над земја како рудар да го разгледаме случајот на овој, според порталот кој ја пренесува веста, среќник.

Тој останал заглавен во јама после силен земјотрес и преживеал 17 години. Како? Благодарејќи на големите количини на ориз и вода што ги оставале во рудниците за вакви случаи. Да пресметаме едноставно колку вода и ориз му биле потребни. 17 години се 6.205 дена. Поради вонредноста во која бил среќникот да претпоставиме дека конзумирал по литар дневно. Тоа се повеќе од шест тони вода.

Ако ги ставиме во шишиња од литар и половина треба да има 4.136 од нив. Се наметнува прашањето дали работел во рудник или во магацин.

На сликата: Просечен кинески рудник

Како и да е на човек освен вода му треба и храна ако сака да преживее 17 години во дупка. Според оние кои ја пренесуваат веста тој користел од огромините количини ориз кои биле оставени за вакви случаи.

Фер е да се помисли дека во кинеските рудници има и кујна и менза со помошен персонал ако во случај некој остане заглавен да не е гладен и жеден. Колку е огромна количнина на ориз? Цела планина.

Оризот има 111 калории на 100 грама. Според ОН дневно е препорачано маж да внесува 2400 калории за нормално функционирање. Значи дневно јадел по два килограми ориз. Во седумнаесет години се два и пол тони ориз. Се поставува и прашањето како оризот може да издржи 17 години без да се расипе. И како го готвел оризот во дупка под земјата.

Линк до веста

 

10 видови на Фејсбук постови за првиот училишен ден

Со среќа на сите чинители во образовниот процес

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот