Пушачите се грди, велат истражувањата

Научниците веќе подолго време се занимаваат со темата пушење, а едно од последните истражувања оваа тема ја истражува од друг аспект. Овој пат истражувачите испитувале колку им се пушачите привлечни на другите луѓе.

Накратко, не им се воопшто.

Во истражувањето спроведено на Универзитетот во Бристол открено е дека пушењето многу влијае на привелчноста на човекот.

Видено со очите на научниците на гифот е Мирка Велиновска

Резултатите ги изненадиле и самите научници. Во дури 70% од случаите испитаниците можеле точно да одредат кој од идентичните близнаци е пушач. И мажите и жените кои учествувале во ова истражување скоро едногласно се согласиле дека непушачите се попривлечни.

Според тимот кој го водел ова истражување резултатите можат да помогнат во борбата против пушењето, особено кај младите кои се повеќе засекирани за својот имиџ.

„Младите луѓе се посебно осетливи на можните негативни нуспојави кои можат да влијаат на нивниот изглед доколку пушат“ се заклучува во истражувањето.

Што кажува за тебе твојата тетоважа

И каде си сега според тетоважата

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот