Прустов прашалник за Славој Жижек

Славој Жижек познатиот словенски филозоф, на Прустовиот прашалник одговара за Гардијан:

Кога бевте најсреќен?

Неколку пати во животот кога сум се радувал на некој претстоен настан или кога ќе се сеќавав – никогаш во моментот на случувањето.

Од што најмногу се плашите?

Дека би можел да се разбудам после смртта – затоа сакам да ме спалат во истата секунда.

На која жива личност најмногу и се восхитувате и зошто?

На Жан-Бертран Аристид, два пати сменетиот претседател на Хаити. Тој е модел на она што може да се направи за луѓето дури и во најтешките ситуации.

Која црта на својата личност најмногу ја презирате?

Индиферентост кон туѓите маки.

Што најмногу презирате кај другите?

Нивната лигава подготвеност да ми понудат помош кога не ми е потребна.

Најнепријатен момент во животот?

Гол пред жена пред љубовен чин.

Освен имот, што е најскапото кое било кога сте го купиле?

Новото германско издание на собрани дела на Хегел.

Што е највредното од она што го поседувате?

Погледнете го претходниот одговор.

Што ве депримира?

Кога глупавите луѓе се среќни

Што најмногу ви пречи на вашиот изглед?

Тоа што поради него изгледам како што изгледам.

Која е вашата најмалку привлечна навика?

Апсурдно претераните тикови кои ги изведувам со рацете додека зборувам

Што би сте одбрале за бал под маски?

Би направил маска од своето лице, така што сите да мислат дека тоа не сум јас туку некој кој се прави дека сум јас.

Кој е вашиот најсилно забрането задоволство?

Гледањето на непријатно патетични филмови како “Моите песни, моите соништа“.

Што им должите на родителите?

Се надевам ништо. Не потрошив ни секунда на жал после нивната смрт.

На кој би сакале најмногу да му се извините и зошто?

На моите синови затоа што не сум доволно добар татко.

Како се чувствуваме кога сме заљубени?

Како за време на голема несреќа, нападнати од монструозен паразит, во перманентна состојба на ургенција која ги уништува сите тие мали задоволства.

Што или кој е најголемата љубов на вашиот живот?

Филозофијата. Потајно мисла дека реалноста постои само за да можеме да ја анализираме.

Вашиот најомилен мирис?

Природата во изумирање, како на пример, дрвото кое се распаѓа.

Дали некогаш сте рекле “Те сакам“, а да не сте мислеле?

Цело време. Кога некој навистина го сакам, тоа можам да го покажам само со агресивни и невкусни примедби.

Кого најмногу го презирате и зошто?

Лекарите кои им асистираат на мачителите

Најлоша работа која било кога сте ја имале?

Предавање. Ги мразам студентите, тие се (како и останатите луѓе) воглавно глупави и досадни.

Кое е вашето најголемо разочарување?

Она што Ален Бадиу го нарекува “опскурна катастрофа“ на дваесетиот век: катастрофално пропаѓање на комунизмот.

Да можете да го промените своето минато, што би сте промениле?

Своето раѓање. Се согласувам со Софокле: најголема среќа е да не се родите. Но, таа шега има продолжение, на многу мал број луѓе тоа им успеа.

Ако може како со времеплов да се патува наназад, каде би сте тргнале?

Во Германија во почетокот на 19 век, на предавањата на Хегел на факултет.

Како се опуштате?

Секогаш и повторно слушајќи го Вагнер.

Колку често водите љубов?

Тоа зависи за тоа што е за вас секс. Ако тоа се однесува на вообичаено мастурбирање со жив партнер, тоа настојувам да го избегнам по секоја цена.

Кога сте биле најблиску до смртта?

Кога имав слаб инфаркт. Почнав да го мразам своето тело: одбиваше да ја извршува својата должност и слепо да ме слуша.

Која е наједноставната работа која би можела да го подобри квалитетот на вашиот живот?

Да избегнам сенилност.

Што сметате за свое најголемо постигнување?

Поглавјата во кои развивам, според моето мислење, добра интерпретација на Хегел.

Која е најважната лекција на која ве научил животот?

Дека животот е глушава, бесмислена работа која не може ништо да те научи.

Откријте ни тајна.

Комунизмот ќе победи.

10 видови на Фејсбук постови за првиот училишен ден

Со среќа на сите чинители во образовниот процес

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот