Прустов прашалник за Hеле Карајлиќ

Која е вашата идеја за совршена среќа?

Магловита и нејасна. Мислам дека со среќата само нè уценуваат.

Кој е вашиот најголем страв?

Кога противникот има слободен удар од помалку од 20 метри од нашиот гол.

Со која историска фигура најмногу се поистоветувате?

Со Никола Тесла, Тој и јас немаме никакви врски... Освен што и двајцата сме бегалци од горе-долу истиот крај.

На која жива личност ѝ се восхитувате?

На српскиот селанец. Може да се наведнува бескрајно.

Која своја особина не ја поднесувате?

Не ја затворам устата.

Која е вашата најголема екстраваганција?

Тоа што пишувам книги.

Кое е вашето омилено патување?

Африка!

Која особина ја сметате за најпреценета?

Интелигенцијата. Подобро е да се биде убав и глуп.

Во кои прилики лажете?

Кога ќе ми се укаже прилика.

Што не ви се допаѓа во вашиот физички изглед?

Годините.

Кои зборови или реченици пречесто ги користите?

Пцовките.

За што најмногу се каете?

Последната минута против Видеотон.

Која е љубовта на вашиот живот?

Погледнете во Википедија.

Каде и кога сте биле најсреќни?

Сега и овде.

Кој талент би сакале да го имате?

Да знам да молчам.

Како се чувствувате моментално?

Да е подобро не би било добро.

Што сметате за свој најголем успех?

Тоа што сум жив. Тоа е прв предуслов за нови успеси.

Ако после смртта се вратите на овој свет како особа или како предмет, што би сте биле?

Семафор на кој постојано би светело зелено светло.

Кој е најскапоцениот предмет кој го поседувате?

Казан за ракија.

Што за вас е олицетворение на страдањето?

Губиме со три гола разлика, не можеме да ја собереме топката, а има најмалку половина час со крајот.

Со што би сакале да се занимавате?

Да сум генерал на армија.

Кои се ваши идоли во животот?

Камилите. Во најтешките услови се најдостоинствени.

Кој е вашиот омилен писател, а кој сликар?

Вуле Журиќ, Гоја.

Кој е ваш омилен фиктивен херој?

Паја Патак.

Каде би сакале да живеете?

Во царството во кое царува другарство.

Што најмногу мразите?

Долго црвено светло на семафор.

Како би сакале да умрете?

Со пиво во рака. Смртта да ми се приближи на шанка и да ми рече: “Тоа, лаву.“

Кое е вашето мото?

Прекрасен ден, се развика Пишта.

Што кажува за тебе твојата тетоважа

И каде си сега според тетоважата

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот