Профил на личноста која бира злосторник за партнер

За некој кој убил повеќе од 20 жени, Тед Банди одлично се котирал кај понежниот пол. Судејќи според бројот на жени кои му давале поддршка во судницата, како и по бројот на љубовни писма кои ги добивал во затвор, многу лесно во тоа време можел да се најде на листа на најпосакувани мажи во светот.

Тед Банди не е осамен случај. Минатата години одекна веста дека Чарлс Менсон ќе се жени – и тоа со својот најголем фан, девојката по име Афтон Елејн Бартон (26). Јозефр Фрицл, кој 24 години ја држел својата ќерка Елизабет заробена во подрум и и направил седум деца, исто така во затвор примал љубовни писма, а Ричард Рамирез еднаш се ожени со една од своите обожавателки во 1996 година.

Дали жените се само екстремни фанатици, не многу поинакви од залудените фанови на Џастин Бибер или Рајан Гослинг, или едноставно се целосно луди? Кој може да се одважи, осуди или да е задоволен со врска со злосторник осуден на доживотна казна? Другата страна е лесно да се објасни – психопатите влегуваат во таков однос поради емоции, за нив тоа е само уште една игра и забава, па и обид да се шокира јавноста.

Според истражувањето спроведено во 2010 година, во Велика Британија, 100 жени биле во некој вид на врска со затвореници осудени на смртна казна во Америка – поголемиот дел од нив се запознале преку близок контакт, како на пример во текот на кампањата за укинување на смртна казна.

Неколку пресуди ќе ги сосечеме во старт. Тие не доаѓаат од пониските општествени слоеви. Многу убијци влегле во врска со своите адвокати или затворски психијатри. Стандардните теории на љубовта и изборот на партнери не помагаат – поголемиот дел од овие жени имаат сигурен атачмент, а само мал број на анксиозни или избегнувачки. Не залудувајќи се дека нивниот партнер, доколку биде пуштен на слобода, ќе се врати на криминалот и ќе направи ново злосторство – во таа смисла не се обидуваат да ги спасат. Тие жени немаат лично криминално досие, и верувале или не – немаат дијагноза на ментална болест.

Најстарата теорија создадена да го објасни овој феномен, потекнува од Мони кој смета дека одредени жени може да ги возбуди само маж кој извршил некое злосторство (убиство, силување, оружен грабеж). Љубовта кон серијските убијци во тој случај е само вид на парафилија на предаторскиот тип, со посебно име – хибристофилија. Проблемот со оваа теорија е што во многу затвори сексуалната интеракција не е дозволена, што значи дека сексуалната девијантност не е нужна и сама по себе не може да даде објаснение.

Од друга страна, од социокултурна перспектива, треба да се има на ум дека во одредени заедници со многу злосторници и затвореници, романтичната врска со осуденикот е нешто сосема нормално, посебно ако жената во својата примарна фамилија има допир со антисоцијално однесување.

Поново истражување на 89 жени, објавено во мај минатата година во журналот Deviant Behavior, се обиде на го опише стилот на личноста на оние кои бираат осуденици за партнер. Еден дел од резултатите ги потврдува претходните студии. Присутноста на криминално однесување на блиски членови на семејството, со хаотично детство, злоставување во детство било физичко, било сексуално, заедничко е на овие жени. Имале проблем со здрава социјализација, формирање на соодветни вредности и остварување на врски од доверба: биле наклонети кон депресивни расположенија и тешко се носеле со негативните животни настани.

Поголемиот дел прв пат биле во врска со затвореник, врската ја сметале за сериозна, редовно ги посетувале неговите родители и вложувале труд врската да се одржи. Како во една типична секојдневна романса.

Што се однесува до карактеристиките на личноста, се издвоиле два типа во однос на кој авторите се обидуваат да дадат објаснение зад позадинските мотивации.

Првиот е Манипулативен прагматист, поточно субтип кој вложува многу енергија во одржување на чувството на моќ и контрола над другите, неретко користејќи методи на манипулација. Според тоа, ако жената сака врска во која ќе биде целосно доминантна и ќе има целосна моќ и контрола без потреба од физички контакт, јасно е зошто и одговара партнер кој никогаш нема да излезе од затвор.

Вториот субтип е невротично-анксиозно-интроспективни и го карактеризира лоша слика за себе, т.е.се гледаат себе како “лоши“. Кај нив е честа историја на семејни и интерперсонални конфликти, што одговара на виктимизација во минатото. Можеби овој тип на врска ги привлекува затоа што нема анксиозност и страв дека партнерот ќе ги напушти – додека е во затвор и нема некој избор. Или како што една од нив опишала: “Ја почувствував неговата изолираност, неговата осаменост, затвореност. Влијаеше на мене затоа што и јас така се чувствував.“

Слично потврдил и Ајзенберг претпоставувајќи дека некои од нив бараат партнер за кој мораат да се грижат, кај кој полесно ќе создадат чувство на зависност и симбиоза, некои жени едноставно сакаат да страдаат и бираат врска која со себе носи стигма. Или, што би се рекло, вложувањето на врска со затвореник некои жени компензираат чувство дека се никој и ништо, и добиваат чувство на важност и значење кое поинаку не би го искусиле.

Дополнително податоци потекнуваат од студија на 26 жени, каде 3/4 изјавиле дека имаат контролирачки и доминантен татко, а 90% имале сличен патерн во својот претходен брак. Поранешните партнери вербално или емоционално ги злоставувале, консумирале алкохол или дрога, ги изневерувале или сексуално ги злоставувале нивните деца. Голем процент исто так изјавиле дека физички и вербално ги злоставувал родител, додека три жени сексуално биле злоставувани од таткото.

Ајзенберг верува дека изборот на осуденици на смртна казна како партнер е здрава стратегија за жена која ја привлекуваат насилни мажи – влегува во деструктивна врска, но барем без физичка опасност. Меѓутоа, не е секогаш така. Некогаш тие се пуштени на слобода и трагичните злосторства се повторуваат.

Постои приказна во книгата “Dream Lovers – Women who marry men behind bars“ за две средовечни сестри, Аврил и Роуз. И двете се ослободиле од своите досадни бракови поради затвореници – еден поради ситни кражби, другиот ја убил претходната жена. Ситниот крадец после една недела од пуштањето на слобода ја убил Аврил со чекан во глава, додека убиецто завршил повторно во затвор откако се обидел на Роуз да и до отсече увото.

 

Како би изгледало ако место секојдневните фрази користите фрази од порталите

ШОКАНТНО!

16 работи што можеш да ги правиш додека чекаш да се формира влада

Времето тече

Животниот век на една врска објаснет преку распадот на Југославија

До која фаза на распад сте?

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот