Престанете да мешате нервоза и анксиозност

Како што се зголемува бројот на лица со ментални заболувања, така се поважно станува искрено да се разговара за менталното здравје.

Но, колку и да ги охрабруваме луѓето да бидат отворени колку што сакаат на таа тема, колку повеќе се зборува за тоа, полесно ќе се прекине стигматизацијата. Но, се повеќе луѓе почнуваат да се шлепаат презмајќи си изрази од прирачникот ДСМ-5, така што моментално ништо не е помодерно од анксиозните пореметувања.

Луѓето започнаа да ги преувеличуваат своите секојдневни искуства и да ги дополнуваат своите реченици со терминологија која одговара за ординација на психијатар. Не се нервозно по повод презентацијата на работа, туку имаа „тежок облик на анксиозност“. Не им е непријатно да одат на голема журка на која никого не го познаваат, туку страдаат од „социјална анксиознот“. И немаат „пеперутки во стомак“ имаат „напади на паника“.

Начинот на којшто луѓето, посебно познатите личности, го тривијализираат ова тешко ментално пореметување доедува до тоа дека оваа дијагноза е лишена од секој кредибилитет.

Анксиозност е болест која се јавува во повеќе облици: генерализирано анксиозно пореметување, паничен напад и растројство на социјалната анксиознот. Таа исто така е чета човечка емоција која сите ја доживуваме. Меѓутоа, обичната нервоза и тешката анксиозност не се исто.

„Анксиозноста како таква е едно нормално искуство“, вели Шанти Могали, директорка на психијатриската клиника во Маунтисајт во Конектикат. „Абнормалната анксиозност настанува кога искуствата на нервоза и грижа го превземаат секојдневниот живот – луѓето можат да почнат да се грижат за неважни работи. Кои нормалните луѓе ги исфрлаат од глава. Тоа почнува да им го уништува животот.“

Без оглед дали тоа се прави за да се привлече внимание, или од општо нерзбирање на терминот анксиозност и како таа навистина функционира, колоквијалната употреба на терминологијата врзана за анксиозност е само шамар за оние кои навистина страдаат, кои би сакале да чувствуваат само пеперутки во стомак, додека ги слушаат луѓето како ја тривијализираат севкупната паника која тие навистина ја чувствуваат, поради што другите анксиозност ја сфаќаат помалку сериозно.

Дали некогаш сте биле толку нервозни, што стомакот ви се грчи, дланките ви се потат, а мислите се забрзуваат сто на час? Жал ни е што мораме да ви соопштиме, но немате напад на паника. Напсадите на паника кај секое лице се манифестираат поинаку, но луѓето кои ги доживуваат се согласни дека предизвикуваат целосно чувство на непосредна пропаст – често имаат чувство дека ќе умрат. Некои луѓе дури и го мешаат чувството на напад на паника со срцев удар, бидејќи се јавуваат и кај двете состојби, болки во градите и плитко дишење.

За разлика од анксиозните напади, кои имаат слични физички симптоми, но обично се последица на дразби (партнерот раскинал со вас, сте добиле отказ, некој ви викал), нападите на паника доаѓаат наеднаш. Исто така ги засилува и очекувањето на анксиозноста, или постојаниот страв дека без предупредување повторно ќе следи напад на паника.

Решение? Само клукнете еден ксанакс, секако. Лекот кој на некој му спасува живот стана само шлагворт за други. Но луѓето често мешаат за што всушност тој служи. Не е за „опуштање“ или смирување: служи за тоа да те извлече од страшна ментална состојба.

Вообичаениот начин на лечење на анксиозни пореметувања – покрај бихејвиорална терапија, е секојдневно земање на селективни инхибитори за превземање на серотонинот. Покрај луѓето кои рекреативно голтаат дијазепми и лекарите кои се лесни на блокчето со рецепти, овие денови е прилично лесно да се дојде за лекови за смирување. Додајте го на тоа и културата која веќе го разводнила  значењето на анксиозноста, и ете ни генерација која зема ксанаскс практично како витамин. Поради тоа на луѓето на кои навистина им е потребен, потешко им е да ги сфатат сериозно.

Анксиозноста има своја биолошка фукнција: му дава сигнал на телото дека е во опасност. Рекцијата на наплив на адреналин е од помош. Кога на пример, ни шума ве јури мечка, но помалку помага кога сте под стрес поради работата или сметките. Сепак, малку анксиозност е од помош затоа што кога постои извор на стрес или некој проблем, и не би требало секогаш да се прикрива.

„За базично ниво на анксиозност која би требало да биде составен дел на нашето опстанување ние сами себе си препишуваме терапија“, вели Могали. „Мислам дека тоа ги влошува многу од анксиозните пореметувања, затоа што не сме во состојба да го толерираме нормалното ниво на анксиозност“.

Сега луѓето кога ќе осетат знаци на нервоза, за својата состојба, ја обвинуваат „анксиозноста“, ќе готнат пилула и ќе продолжат со денот. Покрај тоа што ја маскираме човечката емоција која нормално би ја искусиле, тоа исто така ги наведува луѓето да претеруваат со лекови, што може потенцијално да ги доведе до отпорност на лекови и зависност.

Навистина се развира зависност од тие лекови – „физичка зависност“, објаснува Могали. „Тоа може да стане многу нездраво, и телото може да ги стане физички зависно. Мозокот може да ви стане физички зависен. На крајот, завршувате на непотребна детоксификација, за да се скинете од тие лекови.“

Анксиозноста не е симпатична, шик или во тренд. Тоа е не е смао збор која можеме да ја користиме до бесвест. Тоа е парализирачко пореметување од кое страда околу 40 милиони луѓе во Америка. Сите ние заслужуваме да не сфатат сериозно. На сите останати им е потребен подобар израз за да се објасни како се чувствуваат, понекогаш е во ред да се биде само нервозен.

 

Што кажува за тебе твојата тетоважа

И каде си сега според тетоважата

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот