Правилото од 5 секунди за падната храна е неточно

Правилото дека храната која ни паднала на подот треба да ја подигнеме за време од пет секудни за да е сеуште добра за јадење ни е на сите познато. Некои веднаш ја фрлаат храната која им паднала, а некои ја јадат.

Во едно истражување откриено е дека 70% од жените и 56% од мажите го знаат ова правило и сметаат дека е точно.


Според истражувањето на Универзитетот Клемсон времето кое храната е на земја е небитно во споредба со тоа колку е чиста површината на која паднала.

“Подобро е храната да ви падне на тепих каде шансите за пренос на бактерии се помали од 1% отколку на дрво или плочки каде што има шанси да се пренесе бактеријата на салмонела од 48 до 70 проценти“ - смета докторот Пол Досон од Универзитетот Клемсон.

Тој смета дека шансата да се развие болест преку овој начин се скоро никакви.

Виа Clemson University

16 наслови од македонските портали кои ги очекуваме за дождот

Уште во далечната 1973-та Баба Ванѓа предвиде дека ако не носиш чадор за време на дожд ќе накиснеш

26 фрази за да уништиш слава или именден

Ако не си ти ќе е некој друг

16 позитивни страни од враќањето на евтината струја

Пишувано на скапа струја

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот