Правилото 10/10/10 за носење на важни одлуки

Се било било полесно ако би имале “undo“ копче после носењето одлуки...

Еден од најлошите “непријатели“ во решавањето на конфликтите е задоволување на кратки, бурни емоции. Луѓето најчесто жалат за одлуки кои ги донеле кога биле премногу лути, уплашени, нервозни... Но, бидејќи одлуките не можеме да ги измениме, мораме внимателно да бираме.

Полесно е да се решат дилеми и да се согледаат проблемите кога некој друг се соочува со нив. Кога ние сми треба да донесеме одлука, како да не можеме да се извлечеме од лавиринтот. Заслепени сме, се вртиме во круг. Затоа постојат техники за носење на комплицирани одлуки.

Една од тие техники ја смислила Сузи Велч, авторка на повеќе книги за бизнис. Ја нарекла 10/10/10 и ни помага да ја разложиме одлуката на три временски делови:

Како ќе се чувствувам за 10 минути (откако ќе ја донесам одлуката)?

Како ќе се чувствувам за 10 месеци?

Како ќе се чувствувам за 10 години?

Ова рпавило елегантно ни дава до знаење дека секоја важна одлука има краткотраен и долготрајно влијание. Посебно ни е важно долготрајното внимание за кое често и не размислуваме. Правилото ни овозможува да го согледаме проблемот од различни временски перспективи и ни дава сигурност дека задоволувањето на краткотрајните емоции не е единствен мотив за донесување на важни одлуки.



22 начини како да препознаете ГМО овошје и зеленчук

Спаси го своето семејство!

Што кажува твојот омилен екс-ју бенд за тебе како човек (прв дел, вероватно ќе има и втор)

Психоанализа

15 знаци дека дошло лето во Македонија

Надвор е лето, ги одржуваме виталните функции

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот