Последната вештерка во Европа

Хелен Данкан која ја нарекле “Пеколната Нел“ од Шкотска е последната жена во Европа која е уапсена затоа што за себе тврдела дека е медиум. Ги повикувала духовите на мртвите, но ја разобличиле како измамник.

Хелен во април 1944 година е осудена на девет месеци затвор. Тоа судење го разлутило Винстон Черчил кој барал да му се објасни колку тоа судење ја чинело државата. Сакал да знае и како може да се случи современ суд да се повика на закон за вештерки од 1735 година. Черчил се разлутил затоа што британското судство во моментот кога Германија го бомбардирала Лондон, извлекло од нафталин закон стар повеќе од 200 години и ја прогласило мајката на шест деца за виновна за лажно повикување на духови.

Самата Данкан ги изгубила нервите на суд.

- Никогаш во живото не сум слушнала толку лаги, зошто морам се ова да го трпам – прашувала после пресудата и почнала да плаче. На јавноста не и било јасно зошто судиите се толку строги, а наследниците на Хелен и понатаму се борат за нејзина рехабилитација.

Хелен Данкан е родена во 1897 година. Наводно уште како седумгодишно девојче во кујната открила дух на одамна починат војник и предвидела неколку несреќи. Мајка и велела на никој да не кажува за своите способности, затоа што ќе ја прогласат за вештерка.

За да прехрани шест деца и маж, кој бил воен инвалид, таа работела во фабрика за преработка на метали, но и како гатачка. Одела по држават и тврдела дека може да повика духови на покојни лица. Паѓала во транс и ги повикувала починатите, кои и одгововарале на прашањата. Луѓето за тоа добро и плаќале. Но ја разоткрил Хери Прајс, британски научник и ловец на духови. Данкaн во сеансите користела т.н. Ектоплазма за која луѓето наивно верувале дека е материјал  кој го излачува од своето тело и се претвора во духот на покојникот. Прајс докажал дека нејзината ектоплазма се состои од газа, тоалетна хартија и дека духовите биле кукли, гумени ракавици и ткаенини на кои биле прицврстени фотографии. И покрај ова, Данкан продолжила да е популарна.

Во текот на Втората светска војка имала многу клиенти затоа што многумина ги изгубиле своите најмили и сакале да стапат во контакт со нив. Кон крајот на 1941 година повикала дух на морнар кој погинал на борбен брод. За таа трагедија не се знаело се до јануари 1942 година, па властите почнале да ја следат Данкан. Не им било јасно од каде знае за потонувањето на тој брод. Можела да дознае од семејствата на загинатите, затоа што морнарицата ги известила за таа трагедија. Исто така и два нејзини сина работеле во морнарицата, а таа во матичното пристаниште на тој брод. Но Хелен кажала дека уште еден брод потонал пред јавноста да е известена.

Ја уапсиле во 1944 година. Се верува дека тоа го направила тајната служба. Се подготвувала ивазијата на Нормандија и властите не сакале да препуштат на случајот Хелен повторно случајно да не издаде уште една државна тајна. Ја осудиле и била во затвор. Била помилувана кон крајот на јуни 1944 година и продолжила да заработува како гатачка. Законот за вештерство бил укинат во 1951 година.

Хелен починала во 1956 година, откако повторно ја уапсиле за измама. Иако се појавиле разни теории за незината смрт, факт е дека целиот живот имала лошо здравје. Имала проблеми со тежината и со срцето. Нејзините поддржувачи барале нејзина рехабилитација, но во 2001, 2008 и 2012 година шкотскиот парламент тоа го одбил.

 

22 начини како да препознаете ГМО овошје и зеленчук

Спаси го своето семејство!

Што кажува твојот омилен екс-ју бенд за тебе како човек (прв дел, вероватно ќе има и втор)

Психоанализа

15 знаци дека дошло лето во Македонија

Надвор е лето, ги одржуваме виталните функции

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот