Поп-арт за почетници

Некогаш одамна, ликовната уметност се развивала со некој свој спор, константен тек. Уметниците биле занаетчии кои ги примале нарачките од богатите мецени и чиј стил зависел исклучиво од моменталниот естетски вкус на општеството. Промените не се посакувале. Меѓутоа, од време на време група уметници би предизвикале револт обидувајќи се радикално да отстапат од застарените, академски норми. Некогаш одамна, им требало и по сто години на уметниците да создадат нешто нови. А потоа влеговме во 20 век. За шеесетина години изникнале кубизмот, футуризмот, експресионизмот, надреализмот, модернизмот, дадаизмот, апстракната уметност, руската авангарда, апстракниот експресионизам, минимал-арт, инстант имиџ... Меѓутоа, во текот на минатиот век, еден правец се издвоил и ги засенил многу од своите претходници. Уметнички правец за кој и уметнички ненастроените луѓе знаат.

Поп-артот бил уметност на популарната култура. Бил ликовно движење, опседнато се поствоениот консумеризам во текот на 50-тите и 60-тите години. Се совпаднал со глобализацијата на поп музиката, олицетворени во популарноста на Елвис Присли и Битлси. Бил дрско, забавно и младешко движење, свртен кон вредностите кои ги наметнало уметничкото друштво. Иако уметниците користеле најразлични видови на визуелна комуникација, заедничко им било интересирањето за мас медиумите, масовното производство и културата на масите.

Британски изум

Иако се “прославил“ во Америка, поп-артот настанал во Велика Британија во средината на 50-тите години на минатиот век.Independent Group – IG (независна група) од Лондон се смета за главен двигател. Е. Паолози, еден од основачите на групата, направил серија на колажи Bunk! Составени од случајни исечоци од весници, стрипови, реклами и други графички производи кои ја претставувале американската култура, во иронично светло. Зборот “поп“ изведен е од еден од неговите колажи, во кој зборот се појавува во облак од чад кој излегува од пиштол. Подоцна, еден од ликовните критичари го искористил тој збор за да му даде име на новиот правец, заснован на сликата за поп културата.

Главната идеја на IG движењето била да ги оспори традиционалните ставови и да се инкорпорираат визуелните елементи на масовните медиуми во светот на модерната уметност. Насочени кон Мишел Дишан и неговиот дадаизам, и омраза кон актуелниот апстрактен експресионизам. Имено, дадаистите ги користеле ирационалните комбинации на случајни слики и предмети, за да го испровоцираат тогашниот естаблишмент. IG движењето користело слични техники, со тоа што популарната култура ја користеле како главно средство за провокација.

Американски производ

Поп-арт уметниците во САД не го сакале апстракниот експресионизам. Ни малку! Таму, поп-артот се развил како реакција против овој актуелен правец на уметноста, првиот кој ја исфрлил американската уметност на глобалната сцена. Сметале дека премногу е интроспективен и елитистички. Тие сакале уметноста ја ја вратат во “реалниот свет“. Еден од тие ентузијасти бил и Џаспер Џоунс, кој прв почнал да ги користи постоечките слики, подоцна вообличувајќи ги, поставувајќи прашање “каква е разликата помеѓу сликите и реалноста“. Роберт Рошенберг, исто така ги користел постоечките слики, но за разлика од Џоунс, тој користел и колаж на најразлични предмети, воглавно пронајдени на улиците на Њујорк.

Покрај многу други големи уметници на американскиот поп-арт, како што се Том Веселман, Џејмс Розенквист и Жорж Сегал, сепак постојат три уметници кои се издвојуваат. Тоа се Клас Олденбург, Рој Лихтенштајн и секако, Енди Ворхол.

Клас Олденбург

Клас Олденбург бил уметник на поп-артот кој првенствено ја избрал скулптурата како медиум за комуникација со публиката. Во текот на 60-тите години бил учесник на многу “хепенинзи“, импровизирани уметнички настани каде учеството на публика било многу поважно од самиот производ. Инспирацијата ја наоѓал во сите работи кои луѓето ги купувале за да ги задоволат своите потреби. Неговата уметност била посла со “духовита иронија“ и контрадикција – правел меки вц школки од перници и цврсти хамбургери од гипс. Сакал да прави скулптури во контрадикторни големини, правејќи ги малите предмети големи и обратно, се со цел преиспитување на употребливата вредност на некој објект и неговото “вистинско значење и важност“.

Рој Лихтенштајн

Рој Лихтенштајн создал поп-арт стил кој се базирал на новата и се повеќе популарна форма на масовна комуникација -стрип. Посегнал по стандардизираните слики на традиционалниот стрип на тема насилство и сентиментална љубов, правејќи многу зголемни копии на поедини квадрати од стрип, со безлично поедноставени и неопределени црна силуети и точки, кои се гледаат во зголемувањата кај штампата во боја. Менувањето на димензиите на тие слики од неколку сантиметри на неколку стотина пати поголема површина предизвикало низа на формални проблеми, кои барале доработка (на пример, носот на девојчето морал да биде нацртан да изгледа добро по конвенциите на стрипот). Неговиот стил ја карактеризираат иронијата и хуморот, но Лихтенштајн во своето сликање го задржал традиционалниот начин на употреба на линии, облици, тонови и бои. Придавал големо важност на дисциплината во својата работа, оставал малку место за импулси и емоции.

Енди Ворхол

Енди Ворхол бил олицетворение на поп-артот. Првично бил “комерцијален уметник“, се концентрирал на слики за масовна култура, како што се весници, стрипови, реклами, тв и филмови. Го отелотворил американскиот дух на популарна култура и го издигнал на музејска уметност. Користел туѓи фотографии на познати личности, како и производи за широка потрошувачка, за кои сметал дека нивната баналност ги прави интересни, чувствувал дека сеприсутноста и масовното користење им ја одзело смислата и емотивната вредност. Она што го одвојува од другите уметници е тоа што многу внимание посветил на сопствениот публицитет. Го култивирал сопствениот имиџ како бизнис модел неразделен од својата уметност. Сметал дека само сликарската уметност не е од важност во светот на уметноста, туку и самиот уметник и неговата личност.

15 минути на слава, или ...?

Поп-артот е форма на уметност која ја отсликувала важноста на материјалните работи во животот на поединецот и неговите секојдневни активности, кои му давале задоволство. Движењето се ослонувало на извлекување на материјал од контекст, самостојно прикажувајќи го или поврзувајќи го со други слики. Дефиниран е на теми изведени од популарната, масовната култура, со акцент на баналноста и иронијата.

Овој стил не замрел – тој и понатаму живее. Еволуирал, се менувал, инспирирал многу уметници. За неговата популарност допринесува и неговата сеприсутност на маиците, торбите , беџевите, моливите, постерите, шолјите... Ова е уметнички стил кој излегол од музеј на улица и станал легенда.

Уметноста се обраќа на луѓето на емоционално ниво, но поп-артот ве допира на ниво на искуство. Создаден е од нашето секојдневие, Џули Манер.

 

Како би изгледало ако место секојдневните фрази користите фрази од порталите

ШОКАНТНО!

16 работи што можеш да ги правиш додека чекаш да се формира влада

Времето тече

Животниот век на една врска објаснет преку распадот на Југославија

До која фаза на распад сте?

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот