Почитувањето и останатите изумрени занаети

„Почитувај се прво себеси, доколку сакаш и другите да те почитуваат.“ - Балтасар

Оваа колумна ја започнувам со еден едноставен и краток цитат од Балтасар Грациан, писател и морален философ. Токму таа јасност и концизност, го прави овај цитат толку моќен, суштествен, практичен, но пред се - болно реален!

Нема човек, млад или стар, животно искусен или неискусен, кој барем еднаш во животот на го помислил ова непишано правило. Ја помислил и решил да се раководи по неа. Да се раководи по неа и да се почитува себеси. Да се почитува себеси, со цел да го почитува и околината.

И навистина, некои ја постигнаа својата замислена цел. Од замислена желба, прерасна во реализирана стварност. Задоволни и исполнети од себеси, вреднувајќи го својот кредибилитет и личност, наметнувајќи ги своите ставови и мислења, наметнувајќи ја својата персона, тие станаа почитувани од околината.

Но што направија оние „другите“?! Каде згрешија по патот на самопочитувањето?! Зошто не стигнаа до целта како победници?! Постојат повеќе одговори на ова прашање, но сите се сведуваат кон еден заклучок - премногу простор оставија на почитување кон другите, заборавајќи на примарната личност за почит - Себе! Вложија премногу труд во нечие усреќување, во нечија туѓа борба, се внесија премногу во нечија туѓа болка, целата енергија ја насочија кон друг, а не кон себе. Но дали имаа позитивен feedback?! Дали нивниот влог беше доволен и за сопствена почит, или тој влог беше уште еден ризик во кој се впуштија и заборавија да го погледнат сопственото огледало?! Да, „тие“ ја почитуваат околината, но не го постигнаа посакуваниот ефект. Да, „тие“ ја усреќија околината, сочувствуваат со болката на околината, ја добија туѓата борба на околината, но ја загубија битката со себе.

Кога велам „тие“, не заборавам дека на тоа дека во таа група, еден ден може да се најде секој од нас, секој од нас кој ќе избега од зацртаниот пат на Самопочитта. Не заборавам, дека секој од нас може да падне на колена како повреден бик во тореадорска борба и да ја наведне главата пред сопствената почит. Но во тој момент, во тој момент на слабост, бикот станува уште еднаш, и со последните сили се обидува да го избегне и последното копје на тореадорот. А ние, ние не смееме да дозволиме сопстевената слабост да не падне на колена и да ја заборавиме основната, исконската почит - Почитта кон себе!

„Самопочитта е плод на дисциплината - со чувството на достоинство, расте и можноста да се каже НЕ на себеси.“ - Абрахам Џошуа Хешел

 

Полина Ѓорѓијева

Како би изгледало ако место секојдневните фрази користите фрази од порталите

ШОКАНТНО!

16 работи што можеш да ги правиш додека чекаш да се формира влада

Времето тече

Животниот век на една врска објаснет преку распадот на Југославија

До која фаза на распад сте?

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот