Писатели кои ја предвидоа својата смрт во своите дела

Воглавно сме свесни дека уметникот е чувствително битие кое го набљудува, запознава, преиспитува светот, ги препознава проемните во општеството, а не ретко кога и ги предвидува. Но, постојат пистели кои без грешка не само што предвиделе, туку во своите дела ги убиле ликовите на идентичен начин и дале точни описи на тоа како и самите ќе завршат.

Киш и неговото цвеќе на злото

Данило Киш, роден е во Суботица, а пораснал во Нови Сад у Унгарија, студирал во Белград, живеел во Париз, и на крајот е погребан во Белград.

Во својата книга “Енциклопедија на мртвите“ во истоимената приказна која  е во наслов Цел живот, Киш раскажува дека хероината, чие одење во библиотеката го следиме, се буди од сон и ги запомнила фотографиите на таткото на кои има еден цвет, еден необичен цвет, налик на голем и излупен портокал, испресечен со тенки линии како капилари. Тоа била мапата на неговата болест, односно рак на белите дробови, од кој татткото на хероината и починал. Самиот Данило Киш почина од рак на белите дробови и лекарите тврделе дека болеста ислучително потсетувала на цвет на портокал, исто како оној кој го опишал во својата приказна.

Бохумил Храбал и петтиот кат

Бохумил Храбал е еден од најзначајните чешки писатели на 20 век. Почнал како работник во фабрика за челик, а до крајот на животот напишал дури 50 дела од кои многу се екранизирани.

Технички најинтересниот роман му е “Часови по танц за возрасни и напредни“ кој се состои од една реченица која се протегнува на околу 130 страни. Во неколку свои книги, тој го провлекува мотивот на самоубиство на главниот херој кој скока од прозор од петтиот кат.

Во почетокот на февруари 1992, на 82 години, тој лежи на петтиот кат на една болница во Прага и во еден момент одлучува да стане и да го отвори прозорот. Сведоците велат дека Храбал само сакал да ги нахрани голубите и во таа прилика паднал од прозор. Тоа можеби подобро звучи (ако смртта може да е подобра, па уште и да звучи) од приказна за старец кој во доцните години се фрла од прозорот на болницата, но сигурно е дека писателот извршил самоубиство токму на истиот начин како и неговите херои.

Конкретната причина за тоа уште не е позната.

Пушкин и пушката

Пушкин, таткото на модерната руска книжевност, првиот е меѓу руските писатели кој пишува на народен јазик. Во многу од своите дела сее провлекува мотивот на двобој што не е случајно, затоа што во времето на неговото живеење во Русија, двобоите биле многу честа појава. Една од неговите познати приказни е приказната за двобојот Истрел. Имено големиот писател и самиот умрел на двобој. Пушкин во 1837 година, го обвинил Д’Антес дека се додворува на неговата жена.  Д’Антес прв пукал и го погодил писателот во стомак. Пушкин паднал, се кренал на колена, целел кон противникот и се обидувал да пукне. Но, бидејќи пиштолот бил влажен од снегот, му дозволиле да го замени. Го вперил пиштолот и овој пат, но само лесно го повредил Д’Антес. После ова, се обиделе да ја зацелат раната на Пушкин, но два дена подоцна славниот писател починал.

Марина Абрамовиќ еднаш изјави: Уметникот мора да ги набљудува симболите на своите дела како знаци за различни сценарја на својата смрт. Затоа што токму тие симболи се она што го преокупира, од што се плаши и она што на некој начин го посакува. А понекогаш се случува од тие исти симболи и да настрада.

 

Како би изгледало ако место секојдневните фрази користите фрази од порталите

ШОКАНТНО!

16 работи што можеш да ги правиш додека чекаш да се формира влада

Времето тече

Животниот век на една врска објаснет преку распадот на Југославија

До која фаза на распад сте?

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот