Петте омилени книги на Бил Гејтс во 2016

Бил Гејтс, како што е познато е голем љубител на книжевноста. Без оглед што секој ден му е исполнет целосно, Гејтс наоѓа време да чита. Во совјот блог, каде и претходно даваше свои предлози за читање, објави листа на неговите пет најомилени книги за 2016 година.

String Theory, Дејвид Фостер Волас

Гејтс вели дека оваа книга, иако темата и е тенис нема врска со спортот, а дека луѓето поради насловот ќе мислат дека “сте супер паметни, ако ја читате во воз или авион“. “Не морате да играте или да следите тенис за да ја обожавате оваа книга“, пишува Гејтс.

Shoe Dog, Фил Најт

Мемоарите на коосновачот на компанијата Најк, големо освежување и искрен потсетник за тоа како деловниот успех навистина изгледа.

The Gene, Сидарта Мухарје

Добитникот на Пулицерова награда и професор на Универзитетот Колумбија не води низ минатот, сегашноста и иднината на науката за гените.

The Myth of the Strong Leader, Арчи Браун

Браун во 50-тите години ги проучувал политичките лидери, а во оваа книга пишува за тоа како тие се најзначајните за историјата и самото човештво и не се карактеризирани како “силни лидери“. Оваа книга е напишана во 2014, но Гејтс вели дека авторот не знаел колку ќе стане значајна послед овогодинешните политички случувања во САД.

The Grid, Гречен Баке

Гејтс вели дека читајќи ја оваа книга ќе бидете убедени дека електричната мрежа е едно од најголемите инженерски достигнувања во модерниот свет.

10 видови на Фејсбук постови за првиот училишен ден

Со среќа на сите чинители во образовниот процес

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот