Парализа во сон: Демонски прозор кон другата страна

Парализа во сон, феномен кој веќе со векови опседнува, застрашува и создава урбани легенди, ова е обид дасе дознае дали зад него стојат демони, вонземјанци, нашиот мозок или нешто четврто.

Лежите во кревет со поглед фиксиран за таванот, залудно се обидувате да придвижите и најмал мускул, вашето тело повеќе не ви припаѓа вам. Се уште дишете, ама едвај. Станувате свесни за сопствената немоќ додека паника полека го исполнува вашето неподвижно тело, кое, од некоја причина, не се разбудило заедно со вас.

Сите ментални напори ги вложувате во тоа да го придвижите своето заспано тело, и покрај надчовечките напори, мускулите одбиваат да ве послушаат. Вашите мисли врискаат од страв и фрустрација, меѓутоа дури ни оној кој лежи до вас, не може да ја регистрира вашата ментална вознемиреност и да ве спаси од хоророт кој го преживувате.

И таман кога ќе помислите дека не може да е полошо се појавува „тоа“ – необјасниво присуство, на работ од видокругот, но сепак осетно. Како сенка која ве набљудува, тоа се храни со вашата паника и слабост. Понекогаш е нечујно, понекогаш е многу гласно – секогаш е застрашувачко и непријателско. Се приближува. Чувствувате раѓање на крик во парализираното грло, но знаете дека сте целосно неми за вашата околина.

Ги собирате последните атоми на сила и знаете дека, ако сега не се придвижите, сигурно ќе завршите во овој демонски полусон. Накрај, успевате. Скокате од креветот с силно движење, ужаснати, испотени, неретко во солзи. Вашето тело е повторно ваше. Тоа повеќе не е покрај вас. Повторно и припаѓате на реалноста.

Ова е само еден од многубројните начини да се доживее и преживеефеноменот кој веќе соп векови влева страв во коски. За парализата во сон се пишувало и се нахаѓало низ историјата. Таа до денес останала една од најголемите мистерии на човековата психа, непозната која се уште ја возбудува фантазијата на научниците, истражувачите на паранормалното и милионите жртви низ целата планета на кои ноќниот сон неретко им донесува ужас. Но што стои зад оваа појава – демони, вонземјанаи, нашиот мозок или нешто четврто?

Демон кој седи на градите

Во историјата на современата медицина овој поим се споменува уште од 17 век. Еден од првите докумнетирани случаи датира уште од 1664 година во која холандскиот професор Избрад=нд Ван Димерброек ги опишува симптомите на една своја пациентка:

„Понекогаш, навечер, кога ќе падне во сон, верува дека ѓавол лежи над неа и ја притиска, понекогаш ја гуши голем пес кој лежи на нејзините гради, така што едвај може да проговори или дише, а кога ќе се обиде да го отргне теретот од себе не може да ги придвижи екстремитетите.“

Овој пример илустрирано покажува на најраната поврзаност на парализата во сон и нечесните сили. Жртвите верувале дека нив навечер ги посетува демон кој им седи на градите и фрла магија на нив, правејќи ги неподвижни.

Како појава која е подеднакво застапена во сите делови на светот, парализата во сонот за последица имала најшаренолики објасненија и верувања во зависност од културата во која се посматрала.

Во древна Месопотамија се верувало дека инкуби (лат. Incubare – лежење на) се тие кои ги мачат недолжните луѓе, Лилу, кој ги напаѓа жените и Лилит која преферира мажи. Женските верзии на на демоните кон крајот на 14 век биле прекршени во терминот сукуба (лат. Succubare – лежење под).  И инкубите и сукубитеод почетокот се доведувани во врска, не само со ноќната парализа туку и со еротските соништа. Тие неретко би општеле со своите жртви во текот на актот на ноќното опседнување, а понекогаш од тоа демонско силување би се зачнало и дете (така според легендата, зачнат е и големиот волшебник Мерлин). Инкуб полека ќе стане синоним за парализа во сонот.

Веќе во 10 век, познатиот персиски филозоф Рази дал еден од првите описи на состојбата пишувајќи:

„Кога ќе се случи кабус, личноста чувствува голем терет на себе и сфаќа дека не е способна да вика “.

Во западниот свет улогата на ноќен давител и застрашувач била главно женска. Самиот термин nightmare (анг. Кошмар)  води потекло од нордискиот збор мара о зпначува демонска сила најчесто од женски пол која седнува на градите на заспаните и ги дави.  Тие дури и се хуманизираат: на новооткриениот континент, парализата во сонот и дмеоните кои се предизвикуваат стануваат блиско поврзани со вештерките и со вештерството. Хранет со паника и страв, овој феномен станува еден од клучните во текот на сведочењето и оптужувањето кои воделе до големиот прогон на вештерки. Жртвите опишувале големи, црни мачки кои им седат на градите, или жени од село како ги дават со часови додека тие беспомошно се обидувале да се отргнат од нивните магии. Меѓутоа, оваа појава не умрела заедно со вештерките, а влијанието на фолклорот се осеќа и денес низ англофоната култура, каде неретко феноменот на парализа во сон се ословува и како синдром на стари вештерки.

Слична е ситуацијата и на далечниот исток. Јапонците оваа состојба ја опишуваат со терминот канашибари, кој во превод значи „врзан со железно јаже“. Дури и денес многу Јапонци веруваат дека оваа состојба е поврзана со делување на зли духови. На Карибите постои верување дека парализата во сонот (кокма, како што ја нарекуваат таму) ја предизвикуваат душите на некрстените деца и ги дават своите жртви кои спијат. Ширум Африка овој феномен е во блиска врска со вуду магијата и со змбијата (во Занзибар се користи терминот попбава) додека Инуитите веруваат дека укваманирник е клетка фрлена од страна на шаманите како предзнак на лош лов и несреќа.

Денес средновековните демони и вештерки кои внесуваат нечесни сили на невините души повече не се секси објаснение на оние кои сакаат овој феномен да му доделат паранормален епитет. Со експанзијата на НЛО треската и стравот од непознатите пространства на вселената, парализата во сон се почесто се доведува во врска со вонземските киднапирања.

Како што обично се случува, феномен од ваков калибар многу брзо стана тема на многубројни испитувања и студии. Како што се развивала и самата неврологија, се појавуваат многу прашања во врска со парализата во сон. Денес знаеме како функционира сонот и кои се физиолошките механизми вклучени во неговото предизвикување, а со самото тоа полесно е да се објаснат некои од случувањата кои се доделуваат на оваа состојба. Познато е имено дека главната структура во рамнотежата на сонот и будноста е дел на централниот нервен систем по име ретикуларна формација. Таа, помеѓу останатото има улога во настанувањето на сонот. Со влегување во сон се прекинува невролошката врска која овозможува волни движења, со цел заштита на телото во текот на спиењето. Откако нашиот мозок ќе влезе во РЕМ фаза, почнуваме да сонуваме живописни сонови кои, за да неме прекин на гореспоменатата врска, довеле до движење на телото, согласно соновите а со самото тоа и нас во дирекна опасност од повредувања. Токму поради таа причина постои оваа, физиолошки предизвикана парализа. Меѓутоа, кај парализата во сон неретко се случува следното – мозокот е разбуден но телото уште спие. Повторното движење на моторните фукнции од некоја причина е одложено.  Во вакви состојби стануваме посебно подложни на визуелни и аудитивни халуцинации, вонтелесни искуства и останати авети со кои се објаснуваат бројните симптоми на парализа во сон. Силната врска помеѓу парализата и т.н.луциден сон (сон во сон) кој исто така може да ги објасни шареноликите облици на искажување на овој феномен, од чувство на напуштање на сопственото тело до необјаснувачкиот ентитет кои се честа појава.

Кога зборуваме за предиспозиција за јавување на оваа состојба, научните објасненија стануваат се поразлични и со самото тоа и непрецизни. Се знае дека парализата во сон погодува релативно голем процент од  жителите, нешто под 8% со тоа што голем број на луѓе во текот на животот доживува неколку епизоди.

Многу поретки се случаите на зачестени напади кои кај поединците можат во голема мерка да го отежнат секојдневниот живот. Парализата во сон предиспонираат стрес и инсомнија. Нападите се доста почести после напорен ден и трауматични периоди, што ја објаснува и дистрибуцијата на најголема зачестеност во периодот на адолесценција.

Меѓутоа, колку и науката да продира во длабочината на овој поим, неговите најголеми тајни и понатаму стојат неоткриени, а токму станаа празно платно за сликање на најужасните урбани легенди.

Повратна карта за Зоната на самракот

На соништата од памтивек им се припишувани мистична природа и значење кои ги надминуваат рамките на разумот. И додека самите соништа се доста поапстракни и индивиддуално обоени со субјективноста на човековата потсвест, парализата во сон поседува многу карактеристики кои се манифестација која е скоро идентична кај голем број на луѓе.  Огромно мнозинство кои го искусуваат овој феномен опишуваат незапомнет страв следен со несомнително присуство на мрачни ентитети, суштества кои во најголем дел од случаите остануваат вон видното поле. Одредени луѓе, сепак, можат да ги воочат. Често се опишувани како едноставни црни силуети, а понекогаш примаат и дефинитевен човечки облик, понекогаш се сами, а понекогаш се во друштво на други, подеднакво застрашувачи суштества.

Поголемиот дел од оние кои редовно доживуваат парализа во сон наведуваат дека се чувствуваат како да преминуваат во некое друго ниво на постоење. Слични искуства опишуваат и оние кои ќе пробаат ДМТ, кој е во блиска врска со сонот. И сите тие, при ДМТ триповите, опишуваат контакт со суштества кои се од друга димензија на светот кој се наоѓа на работ на нашите ограничени сетила.

Меѓутоа, тука не престануваат бизарните факти поврзани со овој феномен. Она што секако е вредо за да се спомене е тврдењето кое на парализата во сон му дава уште по злокобен карактер – оваа состојба е заразна.

Голем број на лица наведуваат дека никогаш не искусиле парализа во сон се до моментот кога не дошле во директен контакт со оние кои оваа состојба не ја доживуваат скоро секојдневно. Може да се каже дека оние со дарбата да влезат во Зоната на самракот имаат способност да го активираат закржлавеното трето око на луѓето со кои поминуваат најмногу време. А за непоправливата романтика на оние кои сакаат своите визии за искуствата од другата страна да ги поделат со саканите секогаш постои шанса да се доживее и заедничка парализа во сон.

Да, добро прочитавте, постојат докумнетирани случаи во кои на двајца луѓе истовремено им се случува да доживеат парализа во сон со застрашувачки слични детали.

Ако сакате да дознаете повеќе за овој феномен и искуствата на оние кои ги погодува погледнете го документарецот Кошмар (The Nightmare).

И запомнете, внимателно чекорете низ пространствата на соништата и пратете ни разгледница од Зоната на Самракот ако случајно таму залутате.

 

Што кажува за тебе твојата тетоважа

И каде си сега според тетоважата

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот