Органската храна е фрлање на пари

Купувате само органска храна која ја одгледуваат девици на изолиран остров во Јонско море кој го чуваат девет ламји? Џабе, настрана што посекако ќе умрете, органската храна само може да го забрза тој процес.

Имено (го користиме зборот за да ја потенцираме сериозноста) научниците од универзитетот Стенфорд анализирале 237 претходни истражувања за органската храна и открија дека вака одгледуваните овошја и зеленчуци во најголем дел од случаевите немаат ништо поголема концентрација на хранливи материи од нормалните нивни колеги.

„Нема некоја голема разлика помеѓу органското и конвенционалното производство и тоа не влијае многу на вашето здравје“ вели Ден Бравата од Стенфорд.

И тука не е крајот на оваа вест!

На сликата - здравје!

Најголем дел од купувачите сметаат дека органските фарми не користат пестициди и нормално грешат. Одгледувачите на органска храна смеат да користат пестициди, но тие пестициди не треба да бидат од синтетичко потекло. А некои од природните пестициди се опасна закана за здравјето и можат да направат поголема штета од синтетичките. Природното не секогаш значи и поздраво.

Еден од тие природни пестициди кои се користат е и бакар сулфатот кој е токсичен и на кој се предупредува во истражувањето.

Настрана што нема да сте поздрави од органска храна туку ја ништите и Земјата затоа што органската храна бара повеќе земјиште каде што би можело да се посади конвенционална храна и да се намали гладот во Африка. Мислите некогаш на тоа? Не, само на себе мислите.

10 видови на Фејсбук постови за првиот училишен ден

Со среќа на сите чинители во образовниот процес

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот