Она што вие го викате депресија, јас го викам вистина

Дали вистината ослободува или само уште повеќе ќе те заебе? Ова се прашувам додека мојот психотерапевт и јас продолжуваме да ги усогласиме моите лекови, барајќи права комбинација за да спречиме да ме прогота чувството на егзисенцијална пропаст. Паралелно работам со когнитивно-бихејвиорален терапевт на “значето“ кое го придавам на овие чувства. Таа се обидува да ми помогне помалку да се плашам.

Но, јас и понатаму се плашам. Почнав, меѓутоа, да верувам дека овие чувства се обидуваат да ми порачаат нешто чисто и вистинито – да ја пренесат пораката на мојата душа за тоа како да го живеам својот живот и за природата на животот воопшто. Пред се ми зборуваат за начинот на кој живеев пред да престане да функционира.

Луѓето ми велат дека она на што се опираме, опстанува, а јас целиот живот се обидувам тие чувства да ги уништам. А само неодамна почнав навистина да се загледувам што се – сите тие слоеви кои прават она што норвешкиот метафизичар Питер Весел Запфе го опишува како “космичка паника“. Сега мислам дека не можам повеќе да игрнорирам она што некаде во себе отсекогаш сум знаела, а тоа е дека животот е апсурден и страшен. Можеби треба да се плашиме од вистината?

Во својот есеј од 1933 година “Последниот месија“, Запфе депресијата ја опишува како претерана еволуција на умот. Умот на анксиозната или депресивна особа тој го споредува со еден одреден вид на елен од палеонтолошките времиња, за кој се смета дека изумрел откако му израснале претешки рогови.

“Во депресивните состојби“, пишува тој, “умот можеме да го посматраме како тие рогови, додека во својот  фантастичен сјај го прикриваат својот сопственик на земја“.

Тој ја застапува идејата дека умот на анксиозната или депресивна особа може да биде побуден или повеќе поврзан со подлабока вистина од умот на другите луѓе.

“Депресијата “стравот од животот“, одбивање на храна итн. Без исклучок се доживуваат како знаци на патолошка состојба и според тоа се лечат“, пишува тој. “Таквите феномени, меѓутоа, често се пораки на едно подлабоко, поинтимно доживување на животот, горчливите плодови на генијалноста на мислата или чувства кои се наоѓаат во коренот на антибилошките наклонетости. Не е душата болна, туку само откажува или се одбива  нејзината заштита затоа што се доживува исправно, како предавство на најголемото потенцијално его.“

Зошто тогаш сите не страдаат од депресија? Која е таа “заштита“ кој јас, како поголемиот број на луѓе, успевав да ја направам во текот на поголемиот дел од својот живот?

Оваа заштита, како што ја опишал Весел, се состои од четири одбранбени механизми: излолација, закотвување, забава и сублимација.

Изолацијата, според Весел, не е осудување на самиот себе на затворска самица, тоа повеќе протерување на страшни мисли за природата на постоењето, бесмисленоста, личната слобода и смртта на париферијата на умот. Можеби некогаш бев подобра во тоа? Или подобро ми одеше претворањето, посебно кога е во прашање она што Весел во вика премолчен договор за “взаемно молчење“, каде во своите секојдневни, но површни контакти со другите луѓе не ги споменуваме нашите страшни мисли. Но, во последно време се потешко ми е да ја задржам социјалната маска во банална комуникација. Физички ме боли да комуницирам на тоа ниво, да водам “пријатен“ но површен разговор со друго лице, затоа што се прашувам: Зошто овие исти мисли и чувства не те распрарчуваат и тебе? Зарем не те обзема страв? Ако не, тогаш што не е во ред со мене? Ако да, зошто тогаш и двајцата го негираме постоењето на тој страв и зборуваме за глупости? Чувствувам дека сите мораме да се гушкаме и плачеме или да правиме нешто друго.

Вториот одбранбен механизам, закотвување, значи да се идентификуваме со различни општествени конструкти: улогата која ја имате во семејството, на работа, во религијата, моралот, социјална позиција, физички изглед, цели. Кога ќе се закотвиме во овие екстерни идентитети, во состојба сме да ги подигнеме “ѕидовите околу течната состојба на свеста“. Потенцијалот за егзистенцијалната криза тогаш настанува само кога овие претстави за тоа кој сме стануваат контрадикторни или целосно ќе ги изгубиме: работа, саканата особа или некој друг екстерен елемент кој ни помогнал да се дефинираме кој сме.

Дали е можно да бидам среќна поради себе сама кога се во прашање моите креативни достигнувања? Срам ми е да призна дека одговорот, за сега е негативен. Успесите делуваат празни или бесмсилено. Пред смртта можеби и се.

Се потешко ми паѓа да најдам бегство во забавата која некогаш ме штитеше од чувство на пропаст. Имаше начини себе манично да се забавувам со нешто за да не морам да размислувам за други прашања. Бев опседната со физичкиот изглед, љубовта, успесите. Ми се чини дека некоја невидлива сила ми одзема многу од овие тактики.

Единствено ми помага сублимацијата: канализирање на овие искуства во оваа колумна. Самиот чин на пишување им дава на страшните мисли и чувства смисла и ги става во рамка. Поради тоа имам чувство дека тие се помали дупки без дно. Но, што ако дупката е дно без вистина? Зошто така брзо се плашам од нешто што е вистинско?

 

So Sad Today

 

Како би изгледало ако место секојдневните фрази користите фрази од порталите

ШОКАНТНО!

16 работи што можеш да ги правиш додека чекаш да се формира влада

Времето тече

Животниот век на една врска објаснет преку распадот на Југославија

До која фаза на распад сте?

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот