OG! KAKO UZUN BABA и DEJAN DEX во Радост на 23-ти декември

Оваа сабота на 23ти декември во битолскиот локал „Радост“ ќе имате шанса да го чуете „OG!“ како „Uzun Baba“. „OG!“ e промотер, диџеј и сопственик на клубот „Сектор 909“, како и кафе барот „Излет“, кои воедно се места кои долгогодишно работат и се стремат кон презентирање на квалитетна електронска и алтернативна музика.

Неговиот винил сет е мешавина од диско па се до хаус и детроит техно. Супер селектор и долгогодишен колекционер на плочи. Покрај многуте настани кои ги организирал за издвојување е концертот на „Derrick May“ со македонската филхармонија кој  се одржа во охридскиот амфитеатар во 2014 година, за кој многумина е можеби и најдобар настан кој се случил до сега во Македонија. Со свој диџеј сет ќе се претстави и битолскиот артист „Dejan Dex“.

Во прилог можете да ги проверите флаерот за настанот, последниот сет на „OG!“ за видео платформата “Audiobahn“ и настапот на „Dejan Dex“ во „Излет“.

За дизајнот се погрижи „ExSenz“.

 

Што кажува за тебе твојата тетоважа

И каде си сега според тетоважата

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот