Образованието од нацистичката ера има ефекти до денес

Антисемитската пропаганда имала долгорочен ефект на децата кои се школувале во текот на нацистичкиот период во Германија, за разлика од оние деца кои оделе на училиште пред доаѓањето на Хитлер на власт и после 1945 година, наведува истражувачката студија објавена во Германија.

Истражувачи од САД и Швајцарија проучувале анкети спроведени во 1996 и 2006 одина во Германија во кои се третитале голем број на теми, вклучувајќи ја и темата за односот кон Евреите. Анкетите, познати како Општо германско социјално истражување, претставуваат мислење на 5300 луѓе од 264 места низ Германија, а во нив е овозможено разликување по старост, пол и место на живеење на испитаниците.

Земајќи ги во свој фокус испитаниците кои покажале силни негативни погледи за Евреите при одговарањето на многу прашања, истражувачите откриле оние кои се родени во 30-тите години  се најесктремни во антисемитските ставови, 50 години после завршувањето на нацистичката ера на германското општество.

„Тоа значи дека луѓето ако се подложуваат на тоталитарни идеи во текот на нивните формативни години, тоа ќе има долготрајни ефекти на начинот на кој функционира нивниот ум“, вели Ханс-Јоахим Фот од Универзитетот во Цирих, еден од авторите на истражувачката студија. „Она што паѓа во очи е дека еднаш формираното мислење, веќе не го напушта својот домаќин ни после многу години“.

Испитаниците од групата која била систематски индоктринирана со нацистичко учење за ариевската раса исто така покажува значителни разлики во зависност од тоа дали живеат во делови од земјата во кои антисемитизмот бил силен и пред Хитлер.

За ова, истражувачите ги земале во обзир избирачките листи од 1890 година и откриле дека оние испитаници кои потекнуваат од краеви на државата каде антисемитските партии биле традиционално јаки имаат најнегативно мислење за Евреите.

Бенџамин Ортмејер, директор на истражувачкиот ценатр за нацистичко образование на Гете Универзитетот во Франкфурт, кој не учествувал во изработката на ова истражување вели дека резултатите на оваа студија се апсолутно веродостојни.

„Значењето на овој вид (антисемитска) пропаганда не бил толку видлив. Во споредба со бруталните дела на нацистичките масовни убици, перењето мозок на младите било целосно игнорирано“.

Една причина за ова, вели Ортмејер, е тешкотијата да се придобијат постарите Германци да зборуваат за своите искуства за текот на нацистичката ера на нивната татковина. Додека Евреите кои го преживеале Холокаустот сликовито ги изнесуваат своите сеќавања за злосторствата кои ги претрпеле во училиште од нивните другари, германците најчесто своите училишни денови ги опишуваат како мирољубиви и полни со забава.

Ортмејер додава дека нацистичките наставници го вметнале антисемитизмот во секој училишен предмет како и во воннаставните активности, дури им задавале на учениците и проекти, како што биле пребарување на црковните книги во потрага на имиња од еврејските фамилии кои неодамна се преобразиле во христијанство. Тие ученички проекти подоцна послужиле за правење на транспорт листи за концентрационите логори, правејќи ги учениците соучесници во Холокаустот.

Како значајни исклучоци на тоа време Ортмејер ги наведува групите на младински отпор, како што биле "Бела ружа“ во Минхен и други кои постоеле наспроти преовладувачката нацистичка пропаганда.

Истражувачката студија укажува дека Германците родени во 20-тите години имаат незначително повеќе антисемитизам во своите ставови од своите сонародници родени во 40-тите годни, иако овие постарите во училиште оделе по нацистички програми, додека помладите тоа го избегнале. Авторите наведуваат дека иако тоа не можат да го докажат, претпоставуваат дека голем број на оние со силни антисемитски ставови, настрадале во текот на војната.

„Се чини логично, следејќи ја логиката на овие податоци, дека генерацијата од 20-тите години на која е било овозможено да учествува во Вафен СС дивизиите, таму и отишла. Имале голема стапка на губиток“, заклучува еден од авторите, Ханс-Јоахим Фот.

 

Оригиналот

40 реални очекувања од 2017-та

Ако ги намалите очекувањата може да биде и ок година

30 новогодишни желби што можеш да ги посакаш и сигурно да ти се остварат во Македонија

Желбите се остваруваат само треба да знаеш што да посакаш

11 видови колеги кои ги има на предновогодишна забава од работа

Затоа што не сте доволно блиски за заедно да славите Нова Година

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот