Некој мислел дека радиоактивен енергетски пијалок е добра идеја

Енергетските пијалоци и не се баш најздрави, веќе знаете тоа, затоа што се полни со шеќери и кофеин. Но сепак тие се здравје во лименка за разлика од нивните претходници, енергетските пијалоци од минатото.

Еден од популатните енергетски пијалоци од дваесетите години на прошлиот век е РадиТор. Се продавал во шишенца од 0.3 децилитри по цена од еден долар (што во денешни пари би му дошло околу 15 долари).

А која е тајната состојка? Радиоктивен радиум, кој би требал на конзументот да му даде енергија и елан.

Не само што производителот не сметал дека пијалокот е штетен туку и го рекламирал како лековит. Помеѓу останатото тврделе дека лечат импотенција па пијалокот бил прилично популарен помеѓу мажите. А веќе во тоа време се знаело дека радијацијата и не е баш добра за луѓето.

Еден од попознатите купувачи бил американскиот бизнисмен Ибен Бајерс кој 3 години секојдневно го конзумирал пијалокот.

На крајот починал со страшни болки, а погребан е во оловен ковчег затоа што телото му било радиоактивно.

Интересно е дека РадиТор поради високата цена можеле да го купат само богатите, кои се труеле со радијација. На крајот американската влада ја затворила фабриката која го произведувала, а од пазарот е повлечен во 1932-ра година.

40 реални очекувања од 2017-та

Ако ги намалите очекувањата може да биде и ок година

30 новогодишни желби што можеш да ги посакаш и сигурно да ти се остварат во Македонија

Желбите се остваруваат само треба да знаеш што да посакаш

11 видови колеги кои ги има на предновогодишна забава од работа

Затоа што не сте доволно блиски за заедно да славите Нова Година

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот