Неделен стил при mojo.mk [30 години вработен во државна служба]

Чешлање преку ќелавиот дел

На овој начин не се познава дека косата си ја изгубил низ лавиринтите во установата во која работиш. Изгледа свежо и нормално на сончев ден, а кога е ветровито можеш да носиш качкет или капа како Влатко Стефановски, Адриан Гаџа, Тони Зен или Рафиз Алити. Не дека тие се ќелави туку имаат добар вкус за капи. Мустаките треба да се секогаш натопени во ракија со секундарни ноти на тутун и компир манџа.

Очила

Се разбира дека во тоа 30 годишно гледање на документи го уништи и видот. Затоа имаш и очила. Но по 30 години веќе и ти е сеедно за работата и дали ќе те избркаат од неа па затоа очилата носи ги врзани за врвца која виси околу вратот.

Одело

Исклучиво Made In Yugoslavia купено со првата плата. Затоа што модата се враќа ако ова одело го поносиш уште 30 години има шанси да станеш трендсетер.

Кравати

Купени во времето на Анте Марковиќ на акција три за една. Од тие три две носиш за на работа една ја чуваш за свадби.

Чевли

Коцкести. Како нормални чевли поминати со моторна пила.

Аксесоари

Најдобар аксесоар кој го отсликува овој стил е ракија во пластично шише скриена фиока од бирото.

16 наслови од македонските портали кои ги очекуваме за дождот

Уште во далечната 1973-та Баба Ванѓа предвиде дека ако не носиш чадор за време на дожд ќе накиснеш

26 фрази за да уништиш слава или именден

Ако не си ти ќе е некој друг

16 позитивни страни од враќањето на евтината струја

Пишувано на скапа струја

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот