Научник тврди дека сепак ќе има крај на светот. За 82 години, таман да ги доплатите кредитите

Даниел Ротман е професор на Технолошкиот институт во Масачусец и вероватно ви нема предавано. Е тој истиот Даниел пресмета дека имаме само 82 години да го решиме нашиот опстанок на земјата или да не снема. Па сега ние како сакаме...

Ротман со едноставна математичка формула пресмете дека океаните за брзо време ќе содржат толку јаглерод па масовен помор ќе биде неизбежен.

Во последните 540 милиони години планетата претпрела пет такви случувања, а едно од нив и е бришењето на диносаурусите од лицето на земјата.

Најголемиот масовен помор се случил пред 252 милиони години кога во океаните и морињата одумре дури 95% од животот поради зголемената киселост.

Критичната количина на јаглерод во океаните изнесува 500 гигатони, а моментално сме отприлика на 310 гигатони. Овие 82 години што ги предвидува Ротман можеме да ги намалиме само ако се потрудиме, па зошто не би стигнале до 500 гигатони за 10 години?

Неговото истражување вели дека кружењето на јаглеродот до крајот на векот ќе предизвика огромни природни катастрофи.

Според неговите пресметки човештовот од индустриската револуција до денес во атмосферата има испуштено 1540 милијарди тони јаглероддиоксид. Со таа количина можеме да направиме пат до Месечината кој ќе е со големина 22 на 22 метри. Подобар од автопатот Кичево - Охрид.

Половина од овој испуштен јаглерод диоксид остана во Земјината атмосфеера и е виновен за многу природни катастрофи. Иако уште нема судење па со презумпција на невиност ние го сметаме како невин.

10 видови на Фејсбук постови за првиот училишен ден

Со среќа на сите чинители во образовниот процес

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот