Научниците мислат дека открија како се градени пирамидите во Гиза

Старите Египјани влечеле огромни статуи и камења за пирамидите, тешки и по два и пол тони без никаква модерна технологија. Сега физичарите тврдат дека кончено дошле до одговорот на прашањето како се градени пирамидите во Гиза. Конкретно како некој успеал да намести 2.4 милиони блокови еден врз друг.

Како Египјаните ги изградиле овие пирамиди е прашање кое ги мачи научниците со векови. Египтолозите се согласни дека 146 метри високите градби се правени помеѓу 110 и 20 години. Сепак никој не успеал да го одговори најважното прашање, како успеале да ги изградат овие масивни гробници.

Една од популарните теории вели дека блоковите се влечени од локалниот каменолом преку песок натопен со вода, за да се намали триењето. Но со оваа теорија се поставува прашањето од каде толку вода за пренесување на блоковите.

Друга теорија вели дека работниците поставувале дрва на сите страни од блокот и така блокот го претворале во цилиндрично тело кое лесно се движни. Во оваа теорија најголем проблем е тоа што тежината на блоковите лесно би ги уништила дрвата, па ваквиот начин на транспорт повеќе би бил штетен отколку корисен.

Новото истражување на физичарот Јозеф Веста од Државниот Универзитет во Индијана нуди сосема нов пристап.

Теоријата е едноставна. На камената плоча се поставени дрвени валјаци од сите страни и така настанува осмоаголна структура која лесно се пренесува.

Вест и неговите колеги ја испробале оваа теорија. Ставиле на валјак камен тежок 30 килограми и ја зајакнале целата структура со јаже. Потоа ставиле и уште едно јаже со ке треба да се трга конструкцијата. Со ваквата конструкција изгледа како да тргате четири килограми или само 15% од оригиналната тежина на каменот.

Така е многу лесно да пренесувате и поголеми камења од овој во примерот. Конкретен археолошки доказ за ова нема, а ни научниците не тврдат дека баш на овој начин се правени пирамидите, но секако постои веројатност ова де е методот со кој се изградени едни од најфасцинантните градби во човековата историја.

40 реални очекувања од 2017-та

Ако ги намалите очекувањата може да биде и ок година

30 новогодишни желби што можеш да ги посакаш и сигурно да ти се остварат во Македонија

Желбите се остваруваат само треба да знаеш што да посакаш

11 видови колеги кои ги има на предновогодишна забава од работа

Затоа што не сте доволно блиски за заедно да славите Нова Година

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот