Наркос 3: Нова актерска екипа портретира ликови кои ќе го срушат картелот Кали

Американската криминалистичка серија Наркос, на одушевување на фановите продолжена е на трета и четврта сезона, иако Пабло Ескобар, носителот на досегашното дејство несреќно заврши, а работите стануваат се поинтересни со секој нов податок за идните епизоди. Еден од нив е ангажманот на нови актерски лица кои би можеле да ни откријат по некој детал за развојот на приказната после Пабло, а се работи за актерите Николас Гонзалес, Мајкл Стел-Дејвид и актерките Кери Бише и Андреа Лондо.

Гонзалес се споменува како актер кој ќе игра улога на ДЕА агент Лопез, па претпоставуваме дека ќе се најде во иста екипа со Хавиер Пења, па ќе му помогне во понатамошната борба против колумбиските шверцери на дрога кои веројатно се во голема паника после ситуацијата со Пабло. Стел-Дејвид ќе портретира американски агент кој во Колумбија ќе биде пратен да ги истражува движењата на дрогата во земјата, па или ќе биде заедно со Пења, или во судир со него.

Кристина, потенцијално многу значаен женски лик кој може да помогне во рушењето на Кали картелот, ќе ја игра Бише. Според досегашните информации се работи за Американка која е омажена за влијателен колумбиски трговец со дрога, а како мајка и сопруга, ќе мора да ја замоли американската амбасада за помош откако ќе открие со што се занимава сопругот.

На екипата и се придружи и Ландо, која ќе го игра ликот на Мари, поранешна колумбиска кралица на убавината за која се претпоставува исто така дека ќе игра голема улога во приказната за Кали.

Да потсетиме, оваа криминална организација се распаднала за брзо време по смртта на Пабло, а нејзините шверцерски акции се срушени две години после фаќањето на Мигел Родригез. Токму судбината на Кали картелот треба да ја покрие третата сезона, додека во четвртата може да очекува поголем простор за Мексиканската група.

Третата сезона стигнува во средината на 2017 година.

 

22 начини како да препознаете ГМО овошје и зеленчук

Спаси го своето семејство!

Што кажува твојот омилен екс-ју бенд за тебе како човек (прв дел, вероватно ќе има и втор)

Психоанализа

15 знаци дека дошло лето во Македонија

Надвор е лето, ги одржуваме виталните функции

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот