Најсуровите сериски убици кои сè уште се на слобода

И покрај напредокот на форензичната анализа и понатаму постојат бројни нерешени злосторства во светот, а овие 5 сериски убијци и понатаму се на слобода.

1. Пивскиот човек

Во октомври 2006 година, безживотното тело на возачот на такси Вијаја Гауда пронајдено  на еден мост во индискиот Мумбаи. Во близина на телото се наоѓала лименка пиво Кинфишер. Во текот на следните три месеци станало јасно дека се работи за сериски убиец кој убива низ градот, откако се пронајдени уште шест тела со лименка пиво покрај нив.

Кај сите убиства местото на убиство било тесен мост или уличка, а жртвите се претепани до смрт и избодени со нож. Оставени се голи од струк надолу. Во Јануеаи 2007 година, поради сомневање дека ги извршил убиствата, уапсен е Равинда Кантроле, член на позната банда која е преобратен муслиман, а во текот на испитувањата ја признал вината. Но, во 2009 година, Кантроле е пуштен откако било откриено дека признанието е лажно, односно дека полицијата до него дошла со користење на хипнонаркотици. Вистинскиот пивски човек останува непознат и не е уапсен се до денес.

2. Јукаихан

Хистеријата ја зафатила Јапонија во 1985 година, кога сериски убиец започнал да ги труе шишињата со сокови и газирани пијалоци во машините низ цела земја. Починале вкупно 10 луѓе, додека 35 од нив сериозно се разболеле поради труење со паракват, хербицид кој може да предизвика откажување на белите дробови и гушење.

Групата која сама себе се нарекува “Мистериозен човек со 21 лице“, една година пред тоа се заканувала со труење со храна ако не им се исплатат големи количини на пари, но убиствата со труење на соковите во апаратите, никогаш успешно не се поврзале со нив. Полицијата наместо тоа, верувала дека за тие убиства е одговорен поединец, кого го нарекле Јукаихан. Според нив, тој убивал од чисто задоволство, а не од корист. На апаратите за сокови поставени се над 1,3 милиони предупредувања пред да се прекинат убиствата, а официјалниот осомничен никогаш не е именуван.

3. Убиецот од 9 февруари

Во Солт Лејк Каунти во Јута, САД на 9 февруари 2006 година пронајдено е женско тело. Подоцна е идентификувано како Соња Мејиа. А таа е нападната и задавена во соспствениот дом. Полицијата верува дека таа ни насетувала дека сериски убиец долго време ја следел и ги истражувал нејзините навики. Точно две години подоцна на 9 февруари 2008 година, новата жртва била Дамиана Кастило, пронајдена убиена во истата област и под слични околности. ДНК тестирањето покажало дека сторителот во двата случаи е ист, но не се наоѓа во базата на податоци. Станувало збор за Шпанец во раните 20-ти години. Жените во таа област од тогаш се предупредувале да бидат особено внимателни на 9 февруари, а сторителот на злосторство никогаш не е уапсен.

4. Убиецот од Лонг Ајленд

Во мај 2010 година полицијата започнала потрага по Шанан Гилбер, 24 годишна девојка која работела како ексорт дама и исчезнала после средба со клиент во Њујорк. На крај е најдена убиена, а во почетокот изгледало како несреќен случај. Но доказите од блиската плажа откриле одвартни детали кои случајот го ставиле во категоријата на убиства. Следната година полицијата ископала остатоци од осакатени тела на дури 10 жртви на истата плажа во Лонг Ајленд. Полицијата верува дека убиствата почнале во 1996 година, а дека убиецот и денес е активен. Сите жртви се убиени некаде на друго место и фрлени на плажата. Според психо профилот, сторител е маж, белец во средни години, кој или добро ја познава работата на полицијата или дури е поврзан со нив или работи во полиција, па благодарение на тоа го избегнува апсењето.

5. Зодијак

Најозлогласениот сериски убиец кој никогаш не е фатен е Зодијак од САД кој убивал кон крајот на 1960-тите во Калифорнија. Сам себе си го дал името во низа на писма, шифрирани, кои ги праќал на весниците. Тие писма уште се недешифрирани, како што не е познат ни идентитетот на убиецот, се до денес. Иако има осомничени, тој случај уште се води како отворен. Иако Зодијак тврди во писмата дека убил 37 лица,истрагата  утврдува само пет жртви, од кои две преживеале.

 

22 начини како да препознаете ГМО овошје и зеленчук

Спаси го своето семејство!

Што кажува твојот омилен екс-ју бенд за тебе како човек (прв дел, вероватно ќе има и втор)

Психоанализа

15 знаци дека дошло лето во Македонија

Надвор е лето, ги одржуваме виталните функции

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот