Најладното населено место на планетата

Дали сте слушнале за градот Ојмјакон? Па, би требало. Ова мало место сместено во сибирска тундра и официјално е најстуденото населено место на планетата.

Просечната температура во Ојмјакон во зима паѓа и до неверојатни минус 50 степени Целзиусови. Просек!

Градот се наоѓа во источниот дел на Јакутија и брои 521 жител.

Ојмјакон се наоѓа блиску до поларниот круг и времетраењето на денот варира од 3 часа преку декември до 21 часа во текот на краткото сибирско лето, кога ноќите се „бели“ и е светло речиси преку целото деноноќие.Градот се наоѓа на околу 750 м надморска висина.

Ојмјакон е оддалечен од главниот град Јакутск два дена возење.

Иронично, зборот “oymyakon” е вода што не замрзнува,поради блискиот извор на топла вода каде што собираат диви животни.

Инаку, најниската температура досега регистрирана во Ојмјакон е минус 71,2 степени.

16 наслови од македонските портали кои ги очекуваме за дождот

Уште во далечната 1973-та Баба Ванѓа предвиде дека ако не носиш чадор за време на дожд ќе накиснеш

26 фрази за да уништиш слава или именден

Ако не си ти ќе е некој друг

16 позитивни страни од враќањето на евтината струја

Пишувано на скапа струја

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот