Најголемата и најкрвава битка во историјата: 75 години од Сталинградската битка

Пред точно 75 години, на 2 февруари 1943 година, Германија дожевеа поразз во битката за Сталинград која го одлучи понатамошниот тек на Втората светка војна.

Сталинград бил нападнат со цел да ги раздвои советските сили и на Германците да им овозможи пристап до нафтата во Кафказ. Но, како што се развивала битката, за брзо имала сопствена логика и многу позначајна улога.

Сталинградската битка била најголема и најкрвава битка во историјата на војувањето. Траела од август 1942 година до февруари 1943 година, а резултирала со над милион погинати и уште еден милион тешко повредени.

Градот бил толку многу уништен од бомбардирање што битката се свела на улични борби, а германската тактика подрабирала скриени снајперисти кои пукале од рушевините штом некој ќе ја преминел улицата или гранатирање на канализацијата.

Битката за Сталинград, била прашање на моралот за жителите на овој град, денешен Волгоград. Тоа им влеало надеж дека „германската воена авантура“ ќе заврши токму во нивниот град, како и дека ќе го победат непобедливиот и ќе му се одмаздат за сите злосторства. Во меѓувреме, Хитлер толку многу вложувал во пропаганда, што дури и Гебелс бил загрижен како ќе го претстави поразот во Сталинград.

Победата во Сталинград не спасила само милиони Руси од нацистичката окупација туку и милиони во другите земји скратувајќи ја војната за неколку месеци, ако не и години.

 

 

16 наслови од македонските портали кои ги очекуваме за дождот

Уште во далечната 1973-та Баба Ванѓа предвиде дека ако не носиш чадор за време на дожд ќе накиснеш

26 фрази за да уништиш слава или именден

Ако не си ти ќе е некој друг

16 позитивни страни од враќањето на евтината струја

Пишувано на скапа струја

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот