Нацизмот како бренд

Иако е тешко да се замисли во време кога нацизмот и неговите симболи се забранети со закон од повеќе земји, воглавно во Европа, да се произведуваат производи кои го користат на пример ликот на Хитлер и свастиката, сепак намерно или не се случува да се појават такви производи.

1. Шолји (Германија)

Во 2014-та во ланец за продажба на мебел се појавуваат шолји на кои е ликот на Хитлер на поштенска марка со текст преку него на кој пишува Роза. На сликата се појавува и печат од Третиот рајх кој служел за заверување на писмата. Ланецот кои ги продаваше спорните шолји ги опиша како склоп на несреќни настани. По порачка на 5000 шолји од кинеска компанија им го оставиле крајниот дизајн нив, па дизајнерот непознавајќи ја доволно историјата ставил слика од поштенска марка со ликот на фирерот. Во процесот на распределба во малопродажбата никој не ја увидел грешката па така тие стигнале до рацете на купувачите. Од вкупно 5000 шолји продадени се само 17, за кои компанијата понуди ваучер од 20 евра ако сопствениците ги вратат. Оригиналната цена им била евро и 99 центи.

 2. Вино (Италија)

Се уште не е јасно како е дозволено виното со ликот на Хитлер и Мусолини да се најде во продажба во Италија, но производителот Андреа Лундардели се правда дека тоа е направено во историски контекст без намера за величање на нацизмот и неговите лидери.

“Прво почна како шега по барање на наши клиенти, но сега продаваме многу шишиња од овие вина. Најчестите купувачи се од Германија” – појаснува производителот во соопштение до јавноста.

Покрај вина со ликот на Хитлер и Мусолини прават вина и на чија етикета се наоѓа Сталин.

3. Сладолед (Индија)

По улиците на Инидја може да се купи сладолед кој го носи името и ликот на водачот на Третиот рајх. Иако околу ова се крена голема фама во јавноста во Германија и се бараше запирање на производството на спорниот сладолед, тоа не наиде на слух ни кај владата на Индија ни кај купувачите. Имено во индискиот образовен систем многу малку се споменува и се учи за холокаустот и многу малку луѓе знаат за Хитлер па затоа на ова не се гледа како на некоја важна работа.

 4. Облека (Тајланд)

Во последниве неколку години Наци-шик стилот на облекување стана доста популарен кај младината во Тајланд па на оваа побарувачка одговорија и производителите. Благодареќи им нив сега можат да се купат маици на кои Хитлер е претставен како телетабис, Роналд МекДоналд или панда. Сопственик на бутик во кои се продаваат вакви маици изјави “Немам никакви симпатии кон Хитлер, но облеката со неговиот лик добро се продава, а и контекстот во кој е ставен го прави смешен”. Хари, романски наставник во средно школо, кој живее во Банкок смета дека овај тренд е поради недоволната едукација по историја која ја добиваат тајландските ученици.

 5. Шампон (Турција)

Во 2012-та година како дел од промотивната кампања за презентација на машкиот шампон Биомен се појави реклама од 12 секунди која е надсинхронизиран говор на Хитлер, кој им порачува на гледачите “Aко не ги носите нејзините алишта зошто тогаш би го користеле нејзиниот шампон?”. Ова и не е некое изненадување ако се земе во предвид фасцинацијата на Турците со Хитлер, земјата во која во 2005-та “Мојата борба” беше бестселер.

Како би изгледало ако место секојдневните фрази користите фрази од порталите

ШОКАНТНО!

16 работи што можеш да ги правиш додека чекаш да се формира влада

Времето тече

Животниот век на една врска објаснет преку распадот на Југославија

До која фаза на распад сте?

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот