МОЖНО Е И ДА ВИ СЕ ВЕРУВА: Ова е најважната одлука што треба да ја донесете

Моран Керф е научник кој е специјализиран за неурологија во Нортвест Универзитетот и веќе со децении го изучува процесот на донесување одлуки. Неговото последно откритие е дека тој процес нема врска со искуствата, материјалната состојба и личната филозофија како што ве учат книгите за самопомош. Со што има врска ко така? Со луѓето со кои го минувате времето.

„Но и ова не е така лесно и не се сведува само на бирање на друштвото“ вели Керф.

Научникот објаснува дека треба да сфатиме две работи за да разбереме за што се работи.

Првата е донесувањето одлуки. Бројни истражувања потврдија дека луѓето имаат ограничена ментална енергија која можат да ја употребат за донесување на одлуки. Во тоа спаѓа и одбирањето облека, храна, музика и сѐ што воопшто го правиме. Секоја од тие мали одлуки ја троши ограничената енергија која е тука за донесување одлуки.

Втората работа е заблудата на луѓето кои мислат дека тие се заслужни за својата среќа која е плод на нивни правилно донесени одлуки.

Тој смета дека нашето носење на одлуки е исполнето со предрасуди кои ја отежнуваат нашата проценка на состојбата. Проблем е што нашите сеќавања се искривени: погрешно ги памтиме лошите искуства како добри и обратно, а со тоа дозволуваме нашите емоции рационалниот избор да го направат нерационален.

Покрај ова на вашето размислување многу влијае и вашето друштво.

Керф докажа дека двајца испитаници кои се заедно во соба за брзо време ќе имаат ускладени мозочни бранови и дека влијанието на луѓето со кои го врвиме времето е многу поголемо од тоа што досега го мислевме.

„Тоа значи дека луѓето имаат дирекно влијание на нашето доживување на реалноста, поголемо од тоа што досега го мислевме. Таа појава засега не можеме да ја објасниме“ виле Керф.

На оваа основа, смета научникот, можно е да ја зголемиме среќата и да го намалиме стресот.

Керф објаснува дека животот треба да го конципираме така што бројот на мали и небитни одлуки ќе ни е на минимум за да имаме енергија за носење на големите одлуки.

Покрај тоа треба околу себе да имате и луѓе кои ги претставуваат доблестите и вредностите кои сакате вие да ги имате и со тек на време ќе ги апсорбирате тие, за вас, пожелни ставови и оденсувања.

Што кажува за тебе твојата тетоважа

И каде си сега според тетоважата

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот