Моите домашни пријатели Боуви и Коен или зошто 2016-та не беше така лоша година

Сите се ужаснати од 2016-та затоа што умреа еден куп познати личности на кои ви текна само затоа што умреа. Кога последен пат имавте помислено на принцезата Леа или Џорџ Мајкл? Како и да е, навистина годинава загубивме многу познати личности, но се случија и многу прекрасни работи. Како на пример

1. Британска Колумбија успеа да зачува 85% од шумите што се важни и за глобалното затоплување (нека не ве ебе Трамп во здрав мозок дека не постои глобално затоплување)

2. Перу и Боливија потпишаа договор вреден 500 милиони долари за зачувување на езерото Титикака

3. Американската влада се откажа од бушење за нафта и гас во Атлантскиот океан

4. После 13 години преговори Малезија се согласи да направи океански заштитен простор од милион хектари кој е прв од ваков вид во светот

5. 20 земји собраа 5.3 милијарди долари за зачувување на океаните

6. На светско ниво загадувањето е вратено пред индустрализацијата од 1930-тите (кај нас очигледно е средина на 1930-ти)

7. Смртноста од маларија е намалена за 60% од 2000-та

8. Во развиените земји се намалува бројот на болни од рак на дебелото црево, срцеви болести и Алцхајмер

9. Бројот на жени кои умираат при раѓање е преполовен од 1990-та

10. Забраната за пушење на јавни места го подобрила здравјето на жителите во 21 земја

11. Уругвај доби голем спор против Филип Морис во судење во Светската Банка што отвора врати за поголема борба против пушењето

12. Бројот на деца кои умираат во Русија е намален за 12%

13. Бројот на деца со ХИВ во Малави е намален за 67% со што се проценува дека ќе се спасат 260.000 животи

14. Просечниот животен век во Африка е зголемен за 9.4 години од 2000-та

15. Научниците од Харвард се блиску да го решат проблемот со резистентноста на антибиотици

16. Нема повеќе Ебола

17. Светскиот глад е на најниско ниво во последните 25 години

18. Во Мианмар после 50 години имаше избори

19. Во 1990-та повеќе од 60% од луѓето во Источна Азија се сметаа за екстремно сиромашни. Денес тој процент е само 3.5.

20. Тајван е на пат да стане првата азиска земја во која се дозволени истополовите бракови

21. Гамбија и Танзанија ги забранија браковите со деца

22. Африка има нов пасош со кој жителите на континентот може да патуваат низ сите 54 земји без проблем

23. Во Габија го сменија диктаторот кој владееше 20 години преку избори

24. Гасовите од фосилните горива не се зголемија оваа година што ја прави годинта трета во која стагнираат

25. Поголем дел од електричната енергија во светот е добиена од обновливи извори

26. Кина забрани копање на нови рудници ја јаглен се до 2020-та

27. 25% од европските земји воопшто не користат јаглен за производство на струја

28. Банката на БРИКС ќе инвестира 1 милијарда долари за обновливи енергии во Кина, Јужноафричката република и Индија

29. Годинава Коста Рика 100 дена по ред добиваше струја само од обновливи извори. Наредна цел им е цела година

30. После потпишувањето на примирјето во Колумбија помалку од една шестина од светското население живее во региони во кои има конфликти

31. Во април годинава конечно има повеќе земји во кои смртната казна не се применува отколку земји во кои таа постои

32. Криминалот во Холандија опадна за 25% и сега секоја трета келија во затворите во земјата е празна

33. Бројот на тигри прв пат порасна после 100 години

34. Пандите не се веќе загрозен вид

35. 70.000 имами фрлија фатва кон ИСИС

36. Волонтери во Индија за само 24 часа посадија 50 милиони дрваа

37. Озонската дупка се намалува

38. Нигериската армија спаси повеќе од 800 заложници од Боко Харам

39. Во 2016-та е забележана најголема стапка на донации

10 видови на Фејсбук постови за првиот училишен ден

Со среќа на сите чинители во образовниот процес

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот