Мистеријата на нацистичкиот гроб насред амазонската џунгла

Веќе 80 години со вел на мистерија насред бразилската џунгла има гроб со свастика и крст на кој е напишано: Овде на 2 јануари 1936 година почина Јосеф Грејнер во служба на германскиот истражувачки тим. Од каде гров на германски нацист длабоко во бразилската прашума, во изолираното село Ларањал до Јари? Историчарите и истражувачите веќе со децении пишуваат книги и откриваат бројни документи кои докажуваат дека нацистите после Втората светска војна бегале во Јужна Америка.

Но, за еден заговор, односно план на нацистите малку се знае, а станува збор за нивната експедиција која почнала пред војната. Нацистите пред војната сакале да воспостават мостобран во Јужна Америка, па се обидувале да освојат поголем дел од амазонското корито. Тајната мисија наречена била “Проектот Гванаја“  настанала од експедицијата во Амазон која ја предводел Ото Шулц-Кампфанкел, берлински зоолог, режисер на документарни филмови и член на СС дивизијата на Хитлер.

Цели 17 месеци, од 1935 до 1937 година, нацистичките научници и истражувачи предводени од  Шулц-Кампфанкел, се пробивале низ бразилската прашума околу бразилската граница со Француска Гвајана. Собирале животински черепи, накит од домородните племиња и ја проучувале топографијата покрај реката Јари. “Експедицијата започнала со вообичаени научни претензии. Но, во Германија почнувала војната и  Шулц-Кампфанкел се дофатил за идејата за нацистичка колонизација“, рекол Џенс Глусинг, дописник на Дер Шпигел од Бразил и автор на книгата “Проектот Гванаја“.  Шулц-Кампфанкел  својот план во 1940 година го претставил на Химлер. Целата на планот била да се ослабне регионалното влијание на САД, пишува Њујорк Тајмс, со освојување на Француска Гвајана и соседните холандски и британски колонии. Меѓутоа, планот за остварување на “Германска Гвајана“ пропаднал.

Делумно затоа што територијата на Француска Гвајана паднала во рацете на колаборационистичката влада од Виши, а делумно поради лошата среќа на експедицијата на  Шулц-Кампфанкел. Тој за својата експедиција на располагање имал хидроавион Heinkel He 72 Seekadett, кој бил претставен како пример и гордост на нацистичката индустриска иновација. Но, авионот при слетувањето се превртел, само неколку месеци после експедицијата. Во текот на целото патување и траење на експедицијата, научниците кои себе се сметале за припадници на “вишата раса“ зависеле од домородните племиња за да преживеат и да го пронајдат својот пат во џунглата. Со текот на времето нацистите силно ги ослабела маларијата и другите тропски болести. Самиот Шулц-Кампфанкел преживеал тешка дифтерија, но неговиот најблизок соработник Јосеф Грејнер не успеал – го убила непозната треска, а неговиот гроб насред непроодната џунгла стои како симбол на уште еден неуспешен нацистички план.

 

Што кажува за тебе твојата тетоважа

И каде си сега според тетоважата

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот