Микродозирање со ЛСД: Вистина или шарлатанство

Концептот на микродозирање не е нов ни непознат во медицината, а подразбира дека ниски дози на лекот најверојатно немаат никакви споредни ефекти, ни фармаколошко дејство. Микродозата се смета за минимална доза на некој лек, а моментални се дозволени студии со микродози во многу рани фази на развојот на лекот. Меѓутоа, во последно време на мала врата се воведува приказната за микродозирање со ЛСД и останати психоделични супстанции за кои за сега непостојат контролирани студии.

Всушност микродозирањето стана приличен „хајп“ во поп културата, посебно во хипстерската, но до вистинска наука патот, по се судејќи е долг и трновит.

Во текот на 40-тите и 50-тите години на минатиот век се верувало дека ЛСД има исклучителен терапевтски потенцијал и интересот на научната заедница бил неоспорен, се до 1966. Кога бил забранет и истражувањата наеднаш прекинале, па од тогаш се прераскажуваат во форма на анегдоти.

Во последните десеттина години повторно се зборува за употреба на психоделични супстанции во психијатријата, но овој пат во сигурни услови и со контрола на експерти. Цело едно ново движење смета дека оваа варијанта на сигурни услови со минимално дозирање со ЛСД и психоделични супстанции за цел излекување на различни облици на психијатриски пореметувања.

Џејмс Федиме, кој дипломирал на Харвард и докторирал на Стенфорд, бил еден од пионерите на истражувањето на психоделиците, и преку својата веб страна покренал истражување на микродозирање со ЛСД и псилобицин, кој се наоѓа во некои психоделични печурки. Во својата книга, тој цело поглавје посветува на разгледување на тоа дали субперцептуалните дози на психоделици го подобруваат нормалното фукнционирање и во ова поглавје наведува студија на случаи во кој една испитаничка навела дека микродозирањето “ја зголемило нејзината остроумност, го скратило времето на одговарање и го подобрило нејзиниот фокус...но и помогнало да го отвори своето срце...“ Во принцип, тоа и е хипотезата на неговото истражување по пат на интернет, дали микродозирањеро ќе го подобри функционирањето на луѓето во различни полиња на личноста.

Во истражувањето според Федимен ичествувале околу 1500 луѓе, а тоа изгледало така што испитаниците го контактирале Федимен на неговиот мејл, а тој потоа им го праќал протоколот, во чија суштина била препораката себе си да си дада микродоза на секој четврти ден во текот на месец дена и во посебни форми тие да запишат како се чувствуваат. Секако Федимен при тоа не им праќал на испитаниците психоделични супстанции – печурки или ЛСД, туку информации на оние испитаници кои веќе поседуваат свои. На сајтот на Федимен пишува дека резултатите се во фаза на обработка, но во април 2017 година ги претставил резултатите на 418 „обработени“ испитаници, а кои според неговите зборови ја потврдиле неговата хипотеза.

Токму образованието и искуството на Федимен поттикнува да се заинтересираме за оваа идеја, која звучи прилично шарлатански и њуејџ и која инаку со презир би ја птфрлиле. Во одбрана на неговиот професионален кредибилитет мораме да кажеме дека тој предупредува дека е потребно внимание во користењето на микродозирањето и психоделичните супстанции и дека тие не се секој.

Меѓутоа се стекнува впечаток дека микродозирањето сепак го препорачува и рекламира на сајтовите на т.н. трет бран. Со упатства како да се започне со микродозирање, колку често да се применува (секој четврти ден) и охрабрување дека 99% од искуствата до сега укажуваат исклучително на позитивни дејства на микродозирањето со ЛСД.

Микродозирањето со ЛСД се однесува на земање на т.н. субперцептивни дози, односно на десет микрограми ЛСД. Оваа доза наводно е толку мала што не може да предизвика забележителни ефекти. Додуша, дури и на сајтовите од овој вид стои предупредување дека даваат информации исклучително во информативни цели а немаат намера да советуваат или да го охрабрат користењето на илегални супстанции.

Многу вода ќе протече под мостот на психологијата како наука пред феноменот на микродозирање на ги добие своите студии направени по стандарди со објективни мерки. Во меѓувреме, имаме сведочења на волонтери, од кои паушално може да се заклучи дека микродозирањето е безбедно и дека нема некои посебни, видливи ефекти.

 

Што кажува за тебе твојата тетоважа

И каде си сега според тетоважата

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот