Медиумите - опиум за наpодот

Секојдневно сме бомбардирани со мноштво информации и вести, без разлика дали тие информации доаѓаат на природен начин или преку средствата за масовна комуникација. Голем број на информации за светот, односно за случувањата во светот, ни доаѓаат преку таквите средства, односно преку мас медиумите. Според тоа, неоспорно е влијанието на медиумите врз човековата слика за светот како и на неговиот секојдневен живот.

Покрај сите предности кои ги имаат масовните медиуми, а кои воглавно се познати, има и многу негативни влијанија на човекот, односно на популацијата во целина. Целта ми е низ неколку примери да прикажам како се гледа тоа влијание. Пред се на односите на влијанието на телевизијата и интернетот како најпопуларни средства за комуникација денес.

Пропагандната програма ни сервира мени

Честопати се прашуваме зашто луѓето порано, во однос на денешното време се поздрави, посилни...? Токму затоа што луѓето јаделе природна храна и пиеле природни пијалоци. Храната денес е поразновидна од порано, ама во секој случај и често нездрава. Луѓето посегнуваат за таква храна затоа што таа е реклмирана, затоа што секојдневно низ медиумите и на други начини на пропагандно делување во секој миг ние сме бомбардирани со имиња на производи кои би требало да ги јадеме или да ги пиеме затоа што се освежувачки, хранливи или нехранливи, фитнес... И тогаш неизградената личност се чувствува помалку вредна ако на пример, јаде нешто што е изворно природно, нешто од кујната на мама, а не јаде нешто што е купено во маркет и пакувано во заводливи амбалажи.

Јас се прашувам дали некогаш во некои реклами ќе видиме, на пример, свежо кравјо млеко, животинско месо или зеленчук, а можеме секој момент некаде да видиме реклама за паштети, салами, за некои сокови и слично? Па веројатно затоа што тие прозиводи се здрави ди добри за нас, па нема потреба да се рекламираат, додека оние кои се со полош квалитет низ реклами можат да направат “добар“ производ.

Имаме еден пример како пропагандата влијае на користењето на еден таков лош и штетен производ. Во едно афричко место, жителите имале домашна фабрика и сами си правеле домашни сокови. Потоа дошла кока кола во тоа место и во првиот миг жителите со гадење ја одбиле. Меѓутоа започнала пропаганда и постепено започнала да се пие кока кола во местото, а жителите заборавиле на своите природни сокови. Според тоа, слободно може да кажеме дека медиумите го сервираат нашето мени.

Медиумите како опиум за народот

Зборување за влијанието на медиумите, а да не се зборува за фактите колку тие не прават глупави, ќе биде целосно промашена тема. Масовните медиуми денес се во служба на мал број луѓе на кои им е од интерес да го контролираат мнозинството. Во согласнот со тоа се обликувани и различни тв канали, кои на својата програма вечно пуштаат, на пример некакви серии со иста тематика и дејство, почеток и крај, заплет и раслет, потоа постојано нови и нови спортски случувања и сл., а кои за цел имаат да ги одвратат луѓето од вистинските проблеми со кои би требало да се окупирани, да ги одвратат од она што се однесува на нивните животи и да живеат животи на некои имагинарни ликови како што е некаква Лара, некој Сулејман Величенствениот и слични на нив. 

На тој начин се остварува состојба во која полесно се манипулира со луѓето. И таквите луѓе ќе знаат што кажал некој лик во седумнаесетата епизода во серија која се прикажувала четири години порано, а нема да знаат кога била ренесансата, што е хуманизам итн. Младите луѓе, кои би требало да се двиечка сила на оптествените знаења, “немаат време“ и волја да учат основни работи, а уште помалку да ги продлабочат стекнатите знаења. Што се однесува на знаењата, назадувањето на луѓето е во полн ек.

Преку дејствувањето на медиумите во кои постјано може да се видат сцени на насилна “љубов“, луѓето ја губат смислата за љубов, каде се нагласува само сексуалната димензија. Понатаму, луѓето целосно губат смисла за култура, културно творештво и случувања и на сето тоа гледаат со подбивање. Примери има премногу, а сите тие ни докажуваат дека луѓето низ дејствување на медиумите стануаат поглупави со повеќе идиотизам и што е потребно да се нагласи се повеќе се дехуманизираат.

Планско произведување на јавно мислење

Медиумите се главен извор на информации во светот, па со тоа се одгворни за формирање на нашата слика за реалноста. Поголем број на информации за случувањата во светот ни доаѓаат од неколку најголеми медиумски куќи како BBC, CNN и сл. Тие произведуваат информации и ги праќаат низ светот, а светот најчесто во тие информации веднаш верува, без предходно проеверување и запознавање на другата страна на тие вести. Така денес во поголем број на луѓе е застапена сликата за светот на BBC, CNN и сличните на нив. А тие медиуми се во служба на денешните империјалистички сили кои оние кои им се неподобни ги прогласуваат за опасни, пред се за народот каде што ивеат, а понатаму за целиот свет, зад сето тоа не стои ништо друго освен голиот интерес на империјалистичките сили. На тој начин може да се воочи следното: ако некоја држава не ги поддржува американските империјалистички тежненија и интереси, таа прво преку медиумите долго време се “оцрнува“ (таа самата или владеачката група во неа), понатаму се прави некаков екцес во таа држава за да се обвини и после тоа се започнува со акција. Такво нешто може да се забележи во изминатите години во северноафриканските држави, во Сирија, понатаму интерс на Америка беше да се сруши Гадафи во Либија, а се за да може Америка да го искористува нејзиното богатство со плин и нафта. Така поголем број на луѓе во светот со слика на светот произведена од BBC, CNN знае дека Гадафи е “злосторник“ а никој не знае дека додека тој беше на власт, секој студент во Либија имаше бесплатно студирање, кое му се плаќаше дури и ако студираше во странство, дека секој млад брачен пар добивал целосно бесплатни станови итн.

Препорака - свртување кон културата и темелните вредности

Влијанието на медиумите на начиот живот е и поголем отколку што може да се замисли. Според тоа мораме да внимаваме како ќе се однесуваме кон медиумите. Не смееме да дозволиме да мислиме онака како што некој сака, туку нашите ставови мора да бидат продукт на нашето сопствено лично долготрајно размислување и уважување на сите факти. На сите топло им препорачувам само една недела да се откажат од гледање серии и останати бескорисни работи и времето да го искористат за читање на книги. Моја препорака е “Тврдина“ на Меша Селимовиќ, бидејќи од неа може да научите за времето во кое живеел Сулејман Величенствениот многу повеќе отколку 100 години да ја гледате истоимената серија.

Како би изгледало ако место секојдневните фрази користите фрази од порталите

ШОКАНТНО!

16 работи што можеш да ги правиш додека чекаш да се формира влада

Времето тече

Животниот век на една врска објаснет преку распадот на Југославија

До која фаза на распад сте?

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот