Љубовта и сексизмот за време на воена пропаганда

70 години после случувањата претставени во филмот – дискриминацијата на жените, посебно во филмската индустрија.

Втората светска војна е полн ек, а победата на Сојузничките сили не е на повидок. За да ја врати верата на британскиот народ за скоро ослободување, голема продукциска куќа одлучува да снима пропагандни филмови, а како една од очигледните теми се наметнува масовното повлекување на војниците во Данкирк. Продуцентите бираат приказна за две сестри близначки, кои наводно сами стигнале до местото и со неколку војници се вратиле дома. Проблем – потребна им е жена за пишување на жеснките дијалози. Тука во приказната влегува Кетрин Кол која својот талент за пишување го троши на новинарски карикатури и реклами.

Кол оди кај близначките Старлинг, кои и признаваат дека моторот на нивниот чамец се расипал недалеку од британскиот брег и дека тие самите ги прифатиле војниците од големите бродови кои биле преполни, Кетрин на своја рака одлучува дека вистнската приказна не е навистина важна и студиото се враќа со измислената приказна, која брзо се разоткрива. Меѓутоа, нејзините надредени, како во филмовите бива, се покажуваат со меко срце и продукцијата на филмот продолжува.

„Најдоброто од нив“ може да биде туку така нешто повеќе од просечен филм, ако не е крајот кој најверојатно најдобро ја илустрира неговата поента. Во текот на филмот многу очекувано се создава романтичен однос помеѓу Кетрин Бакли кој никако целосно да се оствари благодарение на некои неубедливи несогласувања помеѓу нив. Меѓутоа, кога пред крај на филмот конечно ќе ги решат своите разлики, Бакли кој ги преживеал силните бомби во текот на војната, загинува во несреќа во студиото. Кетрин останува сама и колку и да е тажно тоа што се десило баш на тој начин, таа продолжува понатаму со својот живот, пробивајќи се до успехот без помош на мажите.

Во 21 век и понатаму постои голема разлика во бројот на жени и мажи кои се занимаваат со филм (во корист на мажите) а не можеме да најдеме некоја рационална причина за тоа, па прашањето е колку во овој контекст е важен филм кој се занимава со нерамноправност на половите во 1940-тите. Без оглед на тоа, секогаш е добро на било кој начин и во било кое време да се допре нерамноправноста меѓу половите.

 

10 видови на Фејсбук постови за првиот училишен ден

Со среќа на сите чинители во образовниот процес

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот