Љубовни афери кои ја сменија историјата

За многу љубовни вистинити приказни се снимани филмови и пишувани романи. Некои се како приказни од бајките, додека оние кои почнале во сенка како прељуби, биле и останале најинтригантни.

Ова се дел од најзначајните такви врски

Мери Годлвин и Перси Шели

Сочни детали:

Една од најзначајните историски книжевни врски почнала во 1814 година, кога се запознале 16-годишната Мери Голдвин и 21-годишниот оженет поет Перси Шели. Се запознале тајно на гробот на мајката на Мери, па паднала „љубов на прв поглед“ поради која младата писателка останала бремена, а Шели се отуѓил од сопругата.

Развој на настаните

Љубовниците се венчале неколку години подцна, кога бремената сопругфа на Шели извршила самоубиство, така што се удавила. Бракот завршил кога поетот се удавил неколку години подоцна, иако во меѓувреме создале неколку книжевни ремек-дела, вкучувајќи го и „Франкенштајн“ која го напишала на одморот во Швајцарија со Шели и со Лорд бајрон во 1816 година.

Катарина II  Велика и Григориј Александрович Потемкин

Сочни детали:

Секоја голема царица треба да има советници, воен стратег, сродна душа и дечко за разонода, а во случајот на Григориј Потемкин, тој бил способен да ги извршува сите овие улоги. Катарина велика го запознала Потемкин кога како млад заповедник (10 години помлад од неа) и помогнал да го симне од престолот својот разочарувачки сопруг Петат III, во 1862 година. Нивната жестока врска конзумирана е прв пат во сауната во подрумот на Зимскиот дворец.

Развој на деталите:

Овој пар претставувал силни политички сојузници во следните децении. Меѓутоа, како што раснела улогата на Потемкин во дворецот, така се намалувала онаа во спалната соба со катарина и тоа до толкава мерка што и станал своевиден макро кој на царицата продолжил да и носи момчиња кои би можеле да и се допаднат.

Чарлс Дикенс и Нели Тернан

Сочни детали

Ни книжевните генијалци не се отпорни на кризата на средните години. До 1857 година, 45-гопдишниот викторијански писател бил на врвот на моќта и наводно примерен сопруг и татко на девет деца. А потоа ја започнал врската со Елен Нели Тернан, талентирана млада актерка која ја вработувал а која била само година дена постара од неговата 17 годишна ќерка.

Развој на настани

Оваа афера претставува најдобри и најлоши моменти во животот на писателите. Бракот на Дикенс се распаднал, а следните 13 години, до смртта, ги поминал со Нели, иако неуморниот и успешен труд нивната врска да ја сокрие од јавноста можеби го турнал во насока на смртта. Се верува дека Нели инспирирала некои темни, тајновити карактеристики на неговите подоцнежни дела и неколку ликови, вклучувајќи ја и Естела во „Големите очекувања“.

Хенри VIII и Ана Болен

Сочни детали

Овој историски пар, прикажан во многу филмови, книги и серии, отсекогаш го привлекувал вниманието на јавноста, иако деталите околу нивната врска до ден денес останале непознати. Се чини, де и покрај годините на чесно додворување, сексуалната врска помеѓу Ана и Хенри навистина почнала дури откако се венчале и откако неговиот предходен брак бил завршен.

Развој на настани

Обидот на Хнери да го легализира бракот со Ана ќе го предизвика познатото раздвојување на Англија од Римокатоличката црква, после што краткиот брак ќе резултира со раѓање на идната кралица Елизабета и отсекување на главата на Ана.

Елизабет Тејлор и Ричард Бартон

Сочни детали

Судбината сакаше овој познат пар да се запознае додека глумеа друг познат пар во филмот „Клеопатра“ во 1963 година. И Тејлор и Бартон во тоа време биле во брак со други луѓе, но меѓу нив имало искри од првата средба и било јасно дека ќе се започне неверојатна афера.

Развој на настани

Нивниот десетгодишен „брак на векот“ било нешто најблиско до ријалити телевизија во 1960-тите години, затоа што постојано привлекувал озборувања и папараци. Се развеле во 1974 година за повторно да се венчаат следната година и пак да се разведат набрзо после тоа.

 

Што кажува за тебе твојата тетоважа

И каде си сега според тетоважата

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот