Ламборџини имаат звучници кои вие никогаш нема да ги имате

Ламборџини сега има и звучници. Пред да се возбудите треба да знаете дека се скапи. Стварно скапи, не како скапи па ај ќе ги земам на рати на картичка, туку како 20.000 евра скапи.

Но затоа добивате многу! Тие се направени во стилот на автомобилите на италијанскиот производител, а инспирацијата е пронајдена во Авентадорот. Покрај тоа се користени и вистински делови од овој автомобил. Звучниците Есавокс имаат делови и од карбон.

Можете да ги поврзете со Блутут (уствари вие не можете затоа што немате 20.000 евра за звучници), а имаат и 800 вати. Покрај тоа тешки се колку просечна жена - околу 53 килограми.

 

Како би изгледало ако место секојдневните фрази користите фрази од порталите

ШОКАНТНО!

16 работи што можеш да ги правиш додека чекаш да се формира влада

Времето тече

Животниот век на една врска објаснет преку распадот на Југославија

До која фаза на распад сте?

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот