Лајк, шер, коментар, фејв...психолошко објаснение на потребата за внимание

Фејв, лајк, комент, шер и емотикон се термини кои се одомаќија, а претставуваат реакција на содржина поделена на социјалните мрежи.

Ако ги земеме релативно новите занимања, како блогер или влогер, каде лицето за содржина која е презентирана на другите потенцијално остварува парична добивка, можеме да кажеме дека станува збор за многу мотивирачко однесување. А стимулација, според бројните психолошки истражувања е неопходна за опстанок на единката.

Потребата за стимулација има исто значење, како и потребата за храна, најизразена во раното детство. Која со текот на растењето се трансформира во нешто што го нарекуваме глад за препознавање. Сето тоа покажува дека е препознаено нашето постоење и присуство.И тоа на сите им е потребно. Стимулацијата која на сите нас ни е толку неопходна во трансакционата анализа се нарекува и строук (удар, но и милување) , а во недостаток на адекватен збор во нашиот речник, ќе го користиме овој израз.

Доколку комуницирате по пат на некоја од апликациите како што се месинџер или вибер, позната ви е е ситуацијата на „син“. Пративте порака на лице со кое се обидувате да воспоставите комуникација, но останавте без одговор.

Ако ова ви се случило, сигурно ви е познато и непријатното чувство од таа ситуација, во зависност од тоа кое е лицето кое не ви одговорило.

Веќе рековме дека зборот строук, во нашиот јазик, значи и удар. Доколку не добиваме доволно позитивни строукови, прифаќаме и негативно препознавање на нашето постоење. Потврда за ова наоѓаме во неуспешните обиди на родителите да го елиминираат несаканото однесување со различни видови казни, вклучувајќи и физички.

Бесмислената размена на навреди во интернет дискусиите за некое „вечно прашање“ било да е политичко, идеолошко или спортско знае да изненади со својата жестокост и непримереност. И претставува сигурна доза на строукови. Сигурен извор на строукови на сите им е потребен, па така со голема прецизност можеме да претпоставиме кои се вестите на кои ќе се одвива сценариото на виртуелниот Боречки клуб. Секако дека псотојат индивидуални разлики и искуството ни зборува дека не им годи на сите иста количина на внимание, било да е позитивна или негативна.

Строуковите се депонираат во база на строукови, и за нив ќе посегнеме кога ќе ни требаат. Можеме да даваме се од себе, но тешко ќе ги замениме оние кои ни требаат од страна на блиските и за нас значајни особи.

Самостроукирањето е исто така социјално непосакувано. Благото невнимание во самофалењето е доволно за прекор и за етикетирање на таа личност, како некоја која сака да се фали.

Доволно е да се увиди дека социјалните мрежи може да се сигурен и прилично безбеден простор во кој строукот може да се бара на дискретен начин. Така, на пример, лајкот од некоја нам значајна личност ќе стане многу вреден строук, а притоа да не мораме претерано да се изложиме и да ризикуваме осуда за да го добиеме.

Освестувањетп за тоа кои строукови може да ни годат може да ни даде одговор на некои прашања. Можете да откриете дека некои строукови кои во детството многу ви значеле, а во меѓувремето сте го заборавиле. Некогаш ќе откриеме дека некои се строукови за кои најмногу копнееме, а кои можеби никогаш не сме ги барале, ни добиле.
Натпреварот за строукови и понатаму ќе произведува однесувања од почетокот на нашиот текст, Стајнер не учење да развиваме „мудра уметност“ која се гледа во тоа да бидеме радикално искрени останувајќи при тоа безбедни и внимателни едни кон други.

Интимноста со свесност и спонтаност, претставува способност која е манифестација на автономијата. Подразбира отворено делење на чувства и желби помеѓу вас и другата особа. Развивање на капацитетот за интимност преку работа на себе си развиваме сигурно место во кое ќе разменуваме строукови со другите.

16 наслови од македонските портали кои ги очекуваме за дождот

Уште во далечната 1973-та Баба Ванѓа предвиде дека ако не носиш чадор за време на дожд ќе накиснеш

26 фрази за да уништиш слава или именден

Ако не си ти ќе е некој друг

16 позитивни страни од враќањето на евтината струја

Пишувано на скапа струја

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот