Короваи: Мистериозните канибали „луѓе на дрва“

Домородците на индонезиската област Папуа живеат необичен начин на живот длабоко во прашумата.

Свет племето Короваи (кои се познати уште како народот Колуфо) го запозна кога е објавена вест за тоа дека живеат во куќички кои ги градат на крошните од дрвјата.

Племето го сочинуваат околу три илјади луѓе, а се до 1970 година живееле целосно несвесни дека освен нив на планетата постојат и други луѓе. Кон крајот на деценијата, нив им се придружија христијански мисионери, а се верува дека тоа влијаело поретко да се спроведуваат канибалистички ритуали, иако христијанството не го прифатиле.

Сепак, овие обичаи не замреле целосно – во документарниот филм за нив откриено е дека Короваи се уште јадат човечко месо. Имено, ако племето се соменва дека некој од членовите е таен волшебник (khakhua), се одржува некој вид на судење, а во случај да се утврди дека обвинувањата се основани, осуденикот го чека мачење, убиство и на крајот племето се служи со неговите остатоци.

Постојат наводи дека Короваи го јадат само човековиот мозок (и тоа жежок), како и дека бремените жени и децата не консумираат човечко месо.

Тоа што е исто интересно за Короваи се нивните домови. Куќите ги градат на високи стебла, обично помеѓу осум и дванаесет местри затоа што веруваат дека тлото припаѓа на духовите кои по него се движат најчесто во текот на ноќта. Во една куќа се задржуваат пет години, освен ако некој член на семејството не почине во неа. Во тој случај веднаш се селат.

Мажите се занимаваат со лов и изработуваат интересни замки за животни, додека жените прават брашно од обработена пилевина. Нивното општество е поделено на кланови, кое обично го сочинуваат неколку семејства.

Последните години, приметено е дека Короваи се почесто се одрекуваат од своите традиции и слегуваат во околните села и ги прифаќаат модерните западни цивилизации. Сепак, најголем дел од племето и понатаму го гледа светот од своите високи домови и се придржува на правилата кои ги утврдиле нивните предци.

 

Што кажува за тебе твојата тетоважа

И каде си сега според тетоважата

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот