Концертна промоција на првиот албум на FILCH

Во најава на претстојната концертната промоција на 16-ти септември во Кино Фросина - МКЦ, инструменталниот состав Filch деновиве објави и втора композиција од самонасловениот деби албум. Композицијата носи наслов ‘Cunty Loop’, а специјални гости на нумерата се саксофонистот Борислав Веселинов и клавијатуристот Влатко Сапламаев.
 
Youtube линк:   https://youtu.be/wGMqiQ7RKAk
Facebook event: https://www.facebook.com/events/1075733052563262
 
Новиот инструментален состав во нашиот град – Filch,  ве повикува на промоцијата на самонасловениот деби албум. После долг период на музицирање и создавање музика овој состав  го сублимира своето музичко искуство, спомените и сите убави моменти во една музичка целина. 
 
Продуцент на албумот е Ѓорѓи Вацев, а зад визуелниот идентитет и графичките илустрации стои Дарко Стојоски
 
 
Вечерта ќе ја отвори специјалниот гостин на промоцијата – Мухамед Ибрахими, виртуоз на својот инструмент кој ќе ги сподели своите интиутивни звучни бранови кои нема да ве остават рамнодушни. 
На промоцијата ќе може да го најдете и албумот по промотивна цена од 150 денари, а после концертот музичкиот селектор Бојан Чакра ќе се погрижи за грувањето да продолжи во Кафе МКЦ.

Членовите на овој состав ги покануваат сите да присуствуваат на промоцијата на која ветуваат дека луѓето ќе чујат и видат приказна преточена во музика, за која знаат дека е искрена и има за цел да го оплемени духот на секој кој ќе подзастане и ќе обрне внимание на неа. Filch доаѓа во нашиот град, да му посакаме добредојде!

Датум: 16.09.2017 (сабота)
Место: МКЦ Кино Фросина
Време: 20:00
Влез: БЕСПЛАТЕН

Кои се раскажувачите на приказната на Filch? 
 
Златко Андријевски – гитара
Дарко Стојоски – гитара
Теодор Бошков - бас гитара
Бранко Сапламаев – клавијатури
Гишо Динев - тапани

Што кажува за тебе твојата тетоважа

И каде си сега според тетоважата

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот