Комплетен водич: Како да си сељак

Иако е проширено мислењето дека сељак не се станува, сељак се раѓа тие стеротипи не треба да ти ги рушат сништата да станеш тоа што сакаш. Затоа сме ние тука да ти помогнеме.

Физички изглед

1. Најважно е да покажеш дека си подобар од другите. А како подобро да го покажеш тоа ако не со 2000 евра околу врат? Не е важно тоа што не си верник, не постиш, не ја знаеш ни Оче наш важно е жолто околу врат.

2. Во секојдневниот живот треба да носиш вакви маици кои покажуваат дека си забавен тип, препорачливо со крстот над нив.

За посвечени моменти треба да се облекуваш како да си дел од бенд кој свири на свадби. Независно дали си... Друга варијанта е кошула со циркони.

3. Чевли и тренерки. Ваквата комбинација поради тренерките ти дозволува така да играш фудбал, а поради чевлите да се чувствуваш елегантно облечен за излегување.

4. Фризура. Ако е кратка, да е скроз кратка, ако е долга мора да е мрсна и залижана наназад.

5. Лајче в уста. Секаде, секогаш... Независно дали пиеш пиво или кафе.

6. Долг нокт на малиот прст од раката. Можи и на ногата ама се гледа само налето.

7. Тетоважа. Не мора да имаш, но ако имаш нека е трајбол на бицепс/пајакова мрежа на лактот.

Однесување на социјални мрежи*

*фејсбук

1. Мора да ставаш слики кои ќе кажуваат дека се занимаваш со нелегален бизнис (не си пријавен кај што работиш), но и дека си господин. Ране и Кристијан Голубовиќ поминаа, но останаа цитатите на Тони Монтана ако си на 25, ако си под 25 тогаш си Волкот од Волстрит. Совршено за кавер.

2. Слика со пари. Макар за неа твоите родители да мора да земат кредит. Субвенции, позајмици, туѓи пари вршат работа. Минимум да има 3000 да не испаднеш сиромашен.

3. Секоја слика мора да има опис кој ќе биде стих од турбофолк песна.

4. works at facebook/ works at Со Тетин Ми Копаме Бунари Приватно/ works at sam svoj gazda

5. Задолжително кликање на вируси кои личат на порно линкови, а ке ги тагираат сите твои пријатели. Затоа што на интернет нема доволно порно, мора на Фејсбук да гледаш.

6. Poke

7.

Однесување меѓу луѓе

1. Биди премногу гласен. Се разбира дека сите сакаат да го слушаат муабетот како сте пренесле три штеки место две со другар ти од Србија пред 4 години.

2. Некултурен. Старите се престари за да ти е гајле, младите немаат почит.

3. Празнење на телесни течности во јавност не е срамно, то е природа. А и чистата плуќа е важна поважна отколку чистотата.

4. Собраќајните правила не важат. Пијан возиш подобро од трезен, црвено светло и стоп знак се само сугестија, а сѐ каде што можеш да го сместиш автомобилот е паркинг. Секаде возиш над дозволената брзина освен пред средно школо на голем одмор кога гледаш малолетнички.

5. Речникот треба да ти е пола цитати од српски филмови или песни, половина пцовки.

 

40 реални очекувања од 2017-та

Ако ги намалите очекувањата може да биде и ок година

30 новогодишни желби што можеш да ги посакаш и сигурно да ти се остварат во Македонија

Желбите се остваруваат само треба да знаеш што да посакаш

11 видови колеги кои ги има на предновогодишна забава од работа

Затоа што не сте доволно блиски за заедно да славите Нова Година

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот