Комплетен водич: Како да се забавуваш со богата девојка

Богатите девојки се убави и згодни затоа што нивните мајки се убави и згодни. Исто така се и луди, затоа што нивните татковци се самоникнати психопати со нацистички фетиши. Се ова ја прави кратката врска со нив возбудлива мешавина на лекови за смирување, дремки, луди расправии, депресивна музика, послуга во соба, терапевти, тетоважи кои чинат повеќе од некои автомобили, дезориентираност поради промената на временските зони и списокот на ВИП гости.

Ќе биде забавно.

Како и да е, нема долго да се задржуваат со вас, затоа што имаат генетски предиспозиции да се размножуваат со својот вид. Но се додека прифаќате дека за нив сте само попатна станица, ќе ви биде супер.

Како да ја запознаеш

Се е работа на првиот момент. Во животот на секоја млада богаташка доаѓа момент кога престануваат да го земаат џепарлакот на тато и место тоа почнуваат сами да земаат пари од неговиот паричник. Тоа е моментот да стапиш во акција. Тоа отвора мал процеп низ кој мораш да скокнеш.
Првиот чекор е да откриеш во кои кафе барови и клубови богатите девојки често излегуваат. Една од омилените активности на младите богаташки е да одат да гледаат бендови на други богаташи кои се претвораат дека се сиромашни. Добар начин за тоа е да провериш кој свири во твојата околина и да видиш како се викаат членовите. Барај ги имињата Чарли, Рупер или Фредирик. Така ќе ја најдеш златната жица.


Како да ја освоиш

На младата богаташка ти не можеш да понудиш ништо, освен тоа што си имал помалку среќа, отколку таа. Според тоа, својот клошарски живот претстави го како работа на твој избор. Мораш да одиграш како Леонардо ди Каприо во “Титаник“. Носи ракавици без прсти, многу стои намуртен и зборувај работи од типот: “Запознав многу луѓе кои имаат пари, и дали тоа им донесе среќа?“. Секако, изговори такво нешто додека ја гледап другата особа дирекно во очи, да не почнеш да се смееш, што е многу тешко. Но, ќе мора на тоа да се навикнеш. Имај на ум дека цел концепт на бунт го собрала од романите на Дикенс и твитерот на Џејмс Франко.
Урбаниот еквивалент на ова е еднакво потентен. Избричи дел од веѓата за да личи на лузна и тврди дека си ситен дилер на кокаин, носи облека CP Company, што ќе те направи станар на најлошите кошмари на нејзините родители. Во најлош случај, нејзиниот татко веројатно ќе се обиде да те подмити за да исчезнеш. Ако го нарави тоа, викни: “Не ми требаат твоите пари!“, а потоа укради му го ајпадот.


Нејзината куќа

Да, станот не и за никаде. Прежали го тоа. Најважното правило е никогаш да не ја прашуваш колку плаќа. Знам дека е забавно во мислите да пресметаш колку пати е поскап од твојот, или да пресметаш колку сати треба да работиш за да го платиш (патем,околу 500 неделно) но немој. а) нејзините родители го плаќаат, така што таа нема појма; б) едноставно биди кул. Однесувај се како да си навикнат на таков луксуз, што воопшто не си забележал дека има далечински управувач за завесите. Само молчи, опушти се и гледај тв.


Куќна помошничка

Освен ако не си ужасно, ужасно човечко суштество, забавувањето со девојка која има куќна помошничка ќе те направи да се чувствуваш како најлоша особа на светот, како да си чувствителен син на сопственик на плантажа. Со секој атом на своето битие ќе посакаш да ја однесеш чинијата до садоперот, или да кажеш: “Остави, јас“.
Но знаеш она кога лав ќе ја растргне газелата во документарецот, па Атенборо вели: “Иако ова нам ни е застрашувачко, ова е само природен тек на работите во дивината? Така размислувај. Ако и понатаму имаш проблем, имај на ум дека куќната помошничка од Филипините, за која ти е толку многу жал, живее во поголема куќа од твојата (дополнителната куќа на твојата девојка).

Мајката

Како прво, ќе посакаш да си со нејзината мајк, затоа што таа е чиста спротивност на твојата мајка. Ќе мириса на темјан. Било како било, таа веднаш ќе види што си ти, а тоа е “само фаза“. Можеби дури и ќе те почести со приказна за тоа како еднаш се забавувала со “панкер кој возеше мотор“ пред да го “запознае тато“,што во основа на пристоен начин ти кажува “Лили ќе се омажи за Себастијан, а тебе деновите ти се одброени, глупаку“.


Таткото

Таткото е најлош. Тој ги разбира сите твои одвратни потреби, затоа што неговото мени се состои од анален секс со девојки од Полска, што му ги носат во хотелската соба. Уште еден проблем е што богатата девојка и нејзиниот татко флертуваат до границите на пристојноста. Поради тоа ќе се чувствуваш чудно, но замисли како им е нив.


Пријателите

Две работи. Како прво: во споредба со нејзините школски другари, твоите другари ќе изгледаат како да свират во бендот House of Pain. Како второ: таа повеќе не се дружи со своите школски другари, туку со патувачки колектив на манекенки, дилери, типови кои имаат гитари, типови кои имаат клубови, алтернативни тинејџерски поп ѕвезди и стари типови кои го познавале Џо Страмер. Ќе ги мрзиш. Но, ако не нешто друго, твоите другари ќе се трудат да ги смуваат манекенките.

Дроги

Богатите девојки се дрогираат од својата трета година. Ако мислиш дека една 16 годишна девојка не може да испие повеќе од тебе, да зема повеќе таблети за смирување, да шмрка повеќе кока и спид од тебе, тогаш гадно се лажеш. Хит Леџер, Џон Белуши, Ривер Феникс - гарантирам дека сите тие умреле обидувајќи се да се натпреваруваат со богатите девојки. Ниеден нормален човек. пораснат на лоша трева и вино, не може да се натпреварува со особа создадена од неврози, привилегии и оние таблети за слабеење кои се прават од бланширани кинески бебиња.
ВАЖНО! Имај на ум, дека некаде во потсвеста таа сака да биде фатена. Така кога ќе прави линии на провидната тезга во сендвичарницата, и тебе ти се чини добра идеја да и придружиш - немој! Неа ќе ја пуштат веднаш од притвор, тебе нема.


Екс

Прво што треба да знаеш е дека богатите девојки зачудувачки рано ја губат невиноста. Тоа значи дека сите тие се луди. Причината поради која почнале со секс толку млади е што сакаат да бидат манекенки и се опкружени до хулигани чија моралност ја разнесол мексиканскиот лек “адерал“ ( се користи за лечење на хиперактивност) и кои до таа мерка се навикнале да добиваат што сакаат, што тоа се граничи со психоза. Во основа, овие млади, преубави жени се целосно зае*ани. Тоа значи дека веројатно ќе мораш да учествуваш во секс во тројка, и да поднесуваш што таа шета само во градник. додека машките другари од Шведска и раскажуваат за нивниот книжевен проект. А кога сме веќе кај тоа...


Претенциозност

Мораш и тоа да го поднесеш. Ќе мора да трпиш што твојата богата девојка седи и го чита Кнут Хамсун на горната палуба од својата јахта. Таа исто така познава и многу машки модели. Имаш ли ти претстава колку таквите момци очајнички сакаат да докажат дека не се глупави? Таквите луѓе тоа никогаш не го прераснуваат. Тоа е што е.


Политика

Во некои моменти од вашата врска, и покрај нејзините боемски претензии и контроверзни уметнички проекти, ќе сфатиш дека е конзервативна. Нејзините ставови укажуваат на тоа дека можат да се, на пример: Не сфаќам зошто морам сите тие пари да ги делам со другите“, или: “Мојот татко не примаше социјална помош, основа своја компанија ( или групата “Дјуран Дјуран“)“.


Твојата пропаст

Да, сето ова ќе те уништи. Никогаш повеќе не ќе сакаш да влезеш во ноќна автобуска линија. Можеби не ќе го напуштиш факултетот или работата, но ќе станеш толку лош во тоа што веројатно ќе те исфрлат. Неодржливата зависност од дроги? О да! Ги откачи сите свои другари? Па секако! Почна да носиш тексас јакни кои чинат 4000 фунти. Па кој не би?


Раскинување

Од првиот ден знаеш дека тоа те чека. Но, баш сакаше ова да не прекинува. Ќе плачеш, ќе кукаш, ќе се навлечеш на дроги, но никогаш нема да ја убедиш да остане. На луѓето како неа, не им е многу гајле за другите луѓе. Нејзиното семејство купува земја, твоето само ја ора. Жал ми е другар, сега ќе мора да се забавуваш со некоја која нема ни посебен плакар за постелнина.

Виа

Како би изгледало ако место секојдневните фрази користите фрази од порталите

ШОКАНТНО!

16 работи што можеш да ги правиш додека чекаш да се формира влада

Времето тече

Животниот век на една врска објаснет преку распадот на Југославија

До која фаза на распад сте?

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот