Колку убавината влијае врз успехот?

Можеби сте размислувале за тоа дали убавината влијае врз успехот. Ако сте размислувале еве го одговорот - влијае и тоа многу. Што и не е чудно затоа што во сите приказни кои ги слушаме како деца сите херои и добри ликови се секогаш убави, а негативците се претставени како лоши.

Минатите истражувања докажаа дека поубавите деца добиваат и повисоки оценки што им ги зголемува шансите да се вработат подобро и да добиваат поголема плата.

За оваа појава постои дури и стручен назив - Хало ефект и укажува на тоа дека за другите судиме според нивниот изглед.

Веродостојноста на овие податоци се обидоа да ги испитаат двајца научници, Сатоши Каназава, еволутивен психолог од Лондонската школа за Економија и Мери Стил асистент на катедрата за маркетинг и менаџмент на Универзитетот во Бостон.

Нивното истражување покажало дека навистина поубавите луѓе заработуваат повеќе од оние кои се помалку убави. Но тоа е само ако се гледа убавината. Кога ќе се земат во предвид и други карактеристики како што се интелигенцијата, здравјето или карактерот излегува дека тие особини се клучни што ги наведува научниците да донесат заклучок дека убавите луѓе се обично попаметни и попосветени.

Тие и понатаму ги делеле групите па така направиле група на оние кои се непривлечни и многу непривлечни. Резултатот е дека 3% од најнепривлечните заработувале многу повеќе од тие што изгледале просечно.
Научниците заклучиле дека тоа што тие 3% се толку грди им дава ефект на посебност кој е сличен со оној ефект на убавина кои го имале некои од испитаниците.

„Во секторите каде што се очекува некој да изгледа добро ако видите некој што изгледа сметпно тоа докажува дека тој е натпросечно способен и дека на тоа место е само заради квалитетите кои ги поседува“ смета Габриел Ленц од Беркли.

Што кажува за тебе твојата тетоважа

И каде си сега според тетоважата

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот