Колку Нутела е ок за вас?

Италијанскиот производител на Нутела компанијата Фереро побара од американската агенција за храна и лекови (ФДА) нивниот најпознат производ (Нутелата се разбира) да се тргне од категоријата на десертни преливи и да се стави во категодијата заедно со џемот или другите намази од какао и лешници.

Покрај ова што и дава на баба ви можност да ве убдува дека нејзниот џем е подобар од Нутелата, барањето открива уште нешто. Колку Нутела е добра за вашиот организам.

Според ФДА препорачливо е да се јаде една лажица Нутела на ден, а со ваквото тврдење не се сложуваат од Фереро кои би сакале оваа колични да е две лажици.

Токму ова несогласување е цел на барањето на Фереро за да се премести Нутела во друга категорија.

Од ФДА одговорија на ова барање, но не на начинот на кој сакаше италијанскиот производител. Тие сметаат дека треба да се направи нова категорија која би ги опфатила намазите како Нутела. Вероватно и Еуро Крем би бил овде.

На крај заклучок: Една лажица Нутела на ден е во ред, две и повеќе лажици се во ред ако живеете на работ!

Како би изгледало ако место секојдневните фрази користите фрази од порталите

ШОКАНТНО!

16 работи што можеш да ги правиш додека чекаш да се формира влада

Времето тече

Животниот век на една врска објаснет преку распадот на Југославија

До која фаза на распад сте?

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот