Колку јајца е во ред да изедете

Веројатно овие денови ќе изедете некое јајце плус од вообичаеното, но, дали јајцата се здрави?

Некое време не беа баш високо на листата на здрава исхрна поради наводниот холестерол кој го предизвикуваат. Но, тоа не е вистина. Јајцата се здрави и тоа од повеќе причини.

Тешко е да се пронајде намирница која ја има кулинарската флексибилност како јајцето. Тоа може да се спрема на различни начини. Покрај тоа има малку калории но многу корисни состојки.

Најмалку калории ќе внесете ако јадете варено јајце, а најмногу ако е пржено. Исто така, две третини од јајцата завзема нискокалоричната белка, додека жолчката е примарен извор на масти. Докажано е дека јајцата сепак не го зголемуваат лошиот холестерол.

Тие се добар извор на фосфор, селен, пантотенска киселина и витамините А, Б12 и Д.

Содржат и железо, цинк, калиум и витамин Е.

А колку јајца е во ред да изедете? Помеѓу 2 и 6 во текот на неделата.

Значи не претерувајте.

Што кажува за тебе твојата тетоважа

И каде си сега според тетоважата

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот