Колку дрва останаа на планетата?

Според новиот попис на дрва направен од истражувачите, на светот постојат 3.04 трилиони дрва, за осум пати повеќе отколку што се сметаше со претходните истражувања. Сепак тој број е намален за 46% од пред 11.000 години кога се смета дека имало шест трилиони дрва.

Истражувањето го направи журналот Природа, со помош на истражувачи од Јеал. Тие испитуваа сателитски снимки, а според нивните стандарди дрво е секоја билка со над десет центиметри дијаметар. Претходните вршени стражувања за дрво сметаа билка која е 50 центиметри во дијаметар, па зато се помали бројќите во минатото.

Сепак од ова пребројување можат да се донесат многу заклучоци за тоа кои дрва се на работ на истребување, како водата се рециклира, колку јаглерод диоксид е абсорбиран од атмосферата и најважното влијанието на човекот врз природата.

Моментално има по 422 дрва на човек, но ако продолжиме со ова темпо на уништување на шумите тој број ќе падне на 214 по човек за само 150 години.

Што кажува за тебе твојата тетоважа

И каде си сега според тетоважата

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот