Коледе низ вековите и како се празнува низ светот

Коледе е стар обичај на палење оган, пиење ракија, слушање турбофолк од радиото во колата и пржење на мртви животни на горе споменатиот оган. Но колку е старо Коледе сигурно се прашиувате? Научниците при МАНУ (Македонската академија на науките и уметностите) во своите истражувања заклучиле дека по старост работите одат вака. Најстаро е Сонцето, после е Македонија, па Коледе. Некој ќе рече дека ако е така, а е така, МАНУ кажа, ова е пагански обичај.

Шшшш. Дозволи им на луѓето да уживаат (маестрален превод од англиски)

Но каде се првите корени на Коледе сигурно сега се прашувате додека ја чешате главата. Можно е да имате вошки или некој дерматски проблем ако главата ве чеша проверете па продолжете со читање.

Првите Коледиња се забележани уште кога нашите први предци се собрале да слушаат гласен турбофолк од кола, да пијат ракија. Но нешто им недостасувало. А тоа било оганот! За среќа тие имале иверица од старите шифоњери од СФРЈ која лесно гори и така ги имаме овие први забележани слики на Коледе сликани со Нокиа 3310. Според форензичките анализи се претпоставува дека ова се случило само седум минути после откривањето на турбофолкот и по после само 4 ракии. Уживајте во оваа прекрасна фотографија од првото документирано Коледе.

Каде има гласно турбо и ракија како гориво има и инциденти. МВР го забележува инцидентот од второто јубилејно славење на Коледе каде што лицето Ф.Р. (40) од Пела уништувал јавна своина, додека лицето Р.А. (27) исто така од Пела му нанело тешки изгореници од втор степен на лицето С.Е. (21) нема да верувате ама пак од Пела. Целиот тој инцидент е фатен на видео од П.Љ. (32) од Пела кој само седел кај огнот и се смеел.

Се разбира не можеле сите да го слават соодветно Коледе поради работните обврски на брод, но старите жители на ПОВХ (Поранешната Отоманска Вукојебина Хелласс) нашле начин како да им помогнат и на морнарите да слават по што за прв пат се јавува славење на Коледе на вода. Оваа традиција ретко се оживува на некоја нафтена платформа.

Со текот на годините луѓето кои по својата природа секогаш тежнеат за поголеми работи посериозно го сфаќале Коледе па така и прославите добиле на масовност.

Легендарно Коледе е она на таткото на градот Рим и цела Римска империја кое го органирирал Нерон. Тука негде се и почетоците на откажување на пејачите за прослави и давање на парите во хуманитарни цели, но Нерон не го оставил Коледе без забава па така тој пеел и рецитирал додека траела коледарската забава. Нешто вакво подоцна ќе копира и Пиколомини во Скопје, но без песни и музика кои се заштитен знак на оваа прослава.

Ни Лондон не заостанувал во помпезноста во славењето на Коледе па така се памти Коледе 1666-та кога тие гордите лондончани направиле еден од најголемите коледарски огнови.

Некаде во тоа време се појвува и недостаток на дрва. Но човекот е досетливо битие кое единствено во природата може да ја користи својата свест и разум во своја полза. Тоа најдобро го докажаа жителите на градот Салем во времето на Големата несташица на дрва, па решија место на дрва Коледе да го слават палејќи жени од брендот “Вештерка“. Ова Коледе е толку епик шо го има уште во учебниците по историја!

И тебе сам сит кафаноооо

Тука некаде и Скопје фаќа чекор со светските метрополи благодарејќи му на Пиколомини. Но како и од секоја добра забава така и од оваа нема зачувани фотографии, Инстаграм стории или снепови.
Коледарски обичааи низ светот

Германија

Германците имаат прекрасен начин на славење на Коледе. Имено како што е прикажано на сликите тие цела година во тефтер ги пишуваат своите гревови и работи што ги мачат, работи од кои би сакале да се ослободат. Потоа тие се собираат на плоштад каде што ги палат тие тефтери и со рацете покажуваат кон небото повторувајќи ги зборовите „Како што чадот оди кон небото така и гревовите да испарат од мене“. Навистина фасцинантен обичај.

САД

И САД имаат доста интересен коледарски обичај. Имено таму се собираат облечени во бело што симболизира чистина на душата, но и нов почеток, носат факели кои го симболизираат горењето на душата и вечниот пламен на истата и потоа тие ги собираат на едно место со што прават поголем оган (симболично обединување на целата заедница). Потоа тие уживаат во огнот и се дружат.

Грција

Во Грција обичај е да се гори знаме кое е со сина позадина и на која има ѕвезди што преносно значи нека и небесата го види овој наш оган и нашата предаденост на Коледе. Обично овој чин го прави најстариот на коледарското собирање или оној кој има запалка.

Колумбија

Тука обичај е да се палат пари за Коледе. Се верува дека овој чин на славење на Коледе во Колумбија го донесол Св. Пабло Ескобар заштитник на средношколците кои мислат дека се мафијаши. Оваа традиција тој ја воспоставил со личен пример.

40 реални очекувања од 2017-та

Ако ги намалите очекувањата може да биде и ок година

30 новогодишни желби што можеш да ги посакаш и сигурно да ти се остварат во Македонија

Желбите се остваруваат само треба да знаеш што да посакаш

11 видови колеги кои ги има на предновогодишна забава од работа

Затоа што не сте доволно блиски за заедно да славите Нова Година

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот