Која е најпознатата тв презентерка во Северна Кореја

Ри Чун Хи е најпознатиот телевизиски лик (се разбира после Драгиот Лидер) во Северна Кореја и секогаш кога таа е на телевизија значи дека има некоја важна вест која и е доверена неа да им ја соопшти на севернокорејците.

„Тестот на хидрогенската бомба дизајнирана за интерконтиненталните балистички ракети беше тотален успех“ им соопшти таа викендов со голема возбуда на своите сограѓани додавајќи дека „ова е уште еден голем чекор за националната нуклеарна програма“.

74 годишната тв презентерка е позната како “народен презентер“ и тоа е делимично поради нејзините розеви облеки. Таа најчесто се облекува во традиционална корејска облека и носи традиционална фризура, но низ нејзината долгогодишна кариера таа носела и облека која била во западен стил. Па која е Ри Чун Хи?

Според податоците кои се достапни таа е родена во 1943-та година во сиромашно семејство ја југоистокот на Северна Кореја. На Универзитетот во Пјонгјанг таа учи театарска глума. Во севернокорејската национална телевизија таа работи од 1971-ва и брзо по вработувањето станува главен презентер на вести. Во кариерата која трае со децении таа некако успева да ги избегне чистките кои се составен дел во секој сегмент на севернокорејското општество.

И Ким Џонг Ун е воодушевен од нејзиниот стил на читање па така таа и денес се појавува на екраните. Иако најчесто нејзиниот перформанс е жив таа и два пати плачела на телевизија - јига почина првиот драг лидер Ким Ил Сунг и кога почина неговиот син и заменик Ким Џонг Ил.

Иако се пензионира во 2012-та Ри повторно се враќа на малите екрани кога има некои важни вести, а најголем дел од времето таа го поминува во обука на млади кадри.

Редок поглед во нејзиниот приватен живот дава државниот магазин Чосун кој вели дека таа живее луксузно со нејзиниот сопруг, децата и внуците во Пјонгјанг.

„Кога таа зборува сите гледачи се допрени од нејзиниот глас, а непријателите се тресат од страв“ стои во месечникот.

10 видови на Фејсбук постови за првиот училишен ден

Со среќа на сите чинители во образовниот процес

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот