Кој ужива повеќе во сексот - мажите или жените?

Факерите од Универзитетот Конкордија пробале да одговорат на вечното прашање - кој ужива повеќе во сексот, мажите или жените.

Накратко жените, надолго прочитајте надолу.

Зошто жените? Затоа што тие доживуваат поинтензивни и поразноврсни оргазми од мажите.

Причината за та е што постојат најмалку четири оргамични зони кај жените, а тоа се клиторисот, подрачјето околу Г точката, зоната во близината на грлото на материцата и брадавиците.

„Женскиот оргазам не мора да доаѓа од сите тие точки истовремено, а не мора ни да доаѓа од која било од тие точки. Освен тоа овие точки многу се разликуваат од жена до жена. Можат да се разликуваат дури кога е во прашање иста жена, во зависност од конкретното сексуално искуство“ вели докторот Џим Фаус.

Со други зборови тоа што еднаш може да предизвика оргазам во друга ситуација може да на функционира.

„Жените имаат незамислив капацитет за доживување на оргазми на толку различни начини. Субјективното искустви, се разбира, се разликува од жена до жена, дури и од оргазам до оргазам, но тие разлики се првенствено поради психилогијата и физиологијата на женското тело“ објаснува Фаус.

10 видови на Фејсбук постови за првиот училишен ден

Со среќа на сите чинители во образовниот процес

15 причини зошто Таравари си заминува од министерството за здравство

#ЧаоТаравари

Есенски моден водич за луѓе кои земаат помалку од 250 евра плата

Напишан од човек кој зема помалку од 250 евра плата

Севернокореец на Денот
Севернокорејка на Денот